cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Што да јадеш навечер без грижа на совест?

Иако долго време владееше мислењето дека јадењето навечер директно води кон зголемување на телесната тежина, современите нутриционисти с? почесто ја менуваат оваа перцепција.

Што да јадеш навечер без грижа на совест?

Вистината е дека не е клучно само кога јадеме, туку пред сè што и колку јадеме.

Доколку често се чувствувате гладни доцна навечер, важно е да направите паметен избор наместо да се откажете од храна во целост.

 

Еве неколку лесни и здрави опции кои можете да ги консумирате навечер:

1. Супа од зеленчук без додадени масти

Лесна за варење, богата со растителни влакна и течности, супата од зеленчук ја смирува дигестивната функција и го подготвува телото за одмор.

2. Јајце со салата или парче авокадо

Јајцето е одличен извор на протеини, кои помагаат во регенерација на мускулите за време на спиење. Комбинирано со здрави масти од авокадо, создава чувство на ситост без вишок калории.

3. Кисело млеко или јогурт со малку овес

Ферментираните млечни производи се добри за дигестијата, а овесот додава блага доза на јаглехидрати што може да помогне во лачењето на серотонин, хормонот на среќа и спокојство.

4. Банана со лажица путер од кикирики

Комбинацијата на природни шеќери и здрави масти нуди задоволство и ситост, а магнезиумот од бананата помага во опуштање на телото.

5. Неколку бадеми или ореви

Мала количина јаткасти плодови содржи добри масти и протеини кои ја стабилизираат енергијата и ја намалуваат потребата за претерување со храна.

 

Што да избегнувате?

Навечер избегнувајте консумирање на преработена храна, заситени масти, шеќери и газирани пијалаци бидејќи тие не само што го нарушуваат варењето, туку можат и да го попречат квалитетот на сонот.
Не внесувајте големи порции, па дури и здрава храна бидејќи така ќе го оптоварите организмот навечер. 

 

Но сепак, не се казнувајте со глад навечер храната не е непријател, туку средство за одржување рамнотежа. Со правилен избор, можете да јадете и навечер и да се разбудите полни со енергија, без грижа на совест.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет