Најефективни вежби за топење на мастите на стомакот. Спој на мит и вистина
Стомакот е дел од телото од кој најчесто не сме задоволни и ја буди нашата желба за промена. Сите сме чуле за „магични вежби“ кои ветуваат рамeн стомак за неколку недели. Но дали сите тие навистина функционираат?

Време е да ги разделиме митовите од вистината.
Мит: Само стомачни вежби ги топат мастите на стомак
Вистината е дека правењето на стомачните вежби (crunches, leg raises) ги зајакнуваат мускулите, но не ги топат директно мастите. За намалување на маснотиите е потребна комбинација од кардио активности и правилна исхрана.
Мит: Можеш да „топиш масти“ само на еден дел од телото
Вистината е дека локализирано слабеење не постои. Кога согорувате калории, масното ткиво се намалува низ целото тело и на стомакот, и на бутовите, и на рацете.
Вежби кои навистина помагаат
- Кардио тренинг. Трчање, брзо одење, возење велосипед или пливање се активности кои го забрзуваат пулсот и согоруваат калории, што е клучно за топење на маснотиите.
- HIIT (High Intensity Interval Training). Кратки, интензивни интервали на вежбање од 20-30 секунди со пауза како што се: скокање со јаже, бурписи, спринтови, ја активираат целата мускулна маса и продолжуваат да согоруваат калории и по тренингот.
- Функционални вежби. Планк, mountain climbers, склекови се вежби кои не само што ги активираат стомачните мускули, туку ги вклучуваат и другите делови од телото, што ја зголемува потрошувачката на енергија.
- Вежби за јадро (core). Планк со подигнување на нога, страничен планк или stability ball вежби, го зацврстуваат средишниот дел на телото, што пак е важно за држењето и изгледот.
Други клучни фактори
- Без контролирана исхрана и дефицит на калории, ниту една вежба нема да даде резултат.
- Недостатокот на сон и хроничен стрес ја зголемуваат желбата за калорична храна и го забавуваат метаболизмот.
- Бидете доследни. Резултатите доаѓаат со време и редовност, а не преку ноќ.
Нема тајна вежба која сама ќе го стопи салото на стомакот. Вистинскиот рецепт е комбинација од кардио, функционални и јадро-вежби, здрава исхрана и дисциплина. Со овој пристап не само што ќе добиете порамнет стомак, туку и посилно, поздраво тело.