cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Промени на телото по породувањето

По породувањето, телото на жената поминува низ голем процес на опоравување и адаптација. Овие промени се природни и постепено се нормализираат, но можат да бидат изненадувачки ако не се очекуваат.

Промени на телото по породувањето

1. Хормонални промени
По раѓањето, нивото на хормони нагло се менува. Падот на естроген и прогестерон може да влијае на: расположението, енергијата, кожата и косата.
Овие промени се дел од нормалниот процес на закрепнување по породувањето.
2. Промени во матката и стомакот
Матката постепено се враќа во првобитната големина преку процес наречен инволуција.
Може да се забележи: мек или опуштен стомак, постепено намалување на обемот на стомакот и лесни грчеви во првите денови. 
3. Крварење по породување
Нормално е да има исцедок (лохии) неколку недели по породувањето. Прво тоа крварење ќе биде поинтензивно, потоа постепено се намалува. 
Ова вообичаено трае 4 до 6 недели. 
4. Промени во градите
Ако мајката дои таа има зголемени и чувствителни гради, а можно е да дојде и до зголемена продукција на млеко, па да дојде до неконтролирано излачување.
Градите доживуваат промени и во обликот со текот на времето. 
5. Косата и кожата
По породувањето често се јавува зголемено опаѓање на косата, а поради промени во текстурата на кожата може да дојде до појава на акни или сувост. 
Ова е поврзано со хормоналните флуктуации.
6. Емоционални промени
Не се менува само телото, туку и емоциите. Па така жените може да почувствуваат: замор, чувствителност или таканаречен „бебешки блуз“ во првите денови. 
Важно е да се следи состојбата и да се побара помош ако чувствата на тага траат подолго.
7. Карличен под и мускули
Мускулите на карличниот под може да бидат ослабени, па се препорачуваат лесни вежби, Кегелови вежби за постепено враќање на физичката активност. 
Кога да се побара лекар?
Ако чувствувате силна болка. 
Ако имате обилно или продолжено крварење. 
При знаци на инфекција. 
Ако чувствувате долготрајна тага или анксиозност. 
Промените по породувањето се природен дел од закрепнувањето. Телото има неверојатна способност да се опорави, но му треба време, трпение и грижа.
Со поддршка и разбирање, овој период може да стане постепено полесен и поурамнотежен.

  • Ако чувствувате силна болка.
  • Ако имате обилно или продолжено крварење.
  • При знаци на инфекција.
  • Ако чувствувате долготрајна тага или анксиозност.

Промените по породувањето се природен дел од закрепнувањето. Телото има неверојатна способност да се опорави, но му треба време, трпение и грижа.

Со поддршка и разбирање, овој период може да стане постепено полесен и поурамнотежен.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет