Најчести проблеми со доењето
Доењето е природен процес, но тоа не значи дека секогаш оди лесно. Многу мајки во првите денови или недели се соочуваат со предизвици кои можат да бидат збунувачки, болни или демотивирачки.
Добрата вест е дека повеќето од овие проблеми се решливи со правилна поддршка и информираност.
Болни и испукани брадавици
Причините за ова е неправилното поставување на бебето и плитко фаќање на дојката на бебето.
Решение:
- корекција на положбата при доење,
- користење креми за нега,
- често менување пози.
Недоволна лактација
Недоволната лактација се препознава преку тоа што бебето изгледа незадоволно или нема доволно мокри пелени.
Што помага?
- почесто доење,
- контакт кожа на кожа,
- одмор и хидратација.
Преполнети гради
Причина за ова е премногу млеко или ретко доење.
Симптоми на преполнети гради се тврди и болни гради и чувство на притисок.
Може да се олесните преку почесто празнење и ставање топли облоги пред доење.
Застој на млеко (запушен канал)
Симптомите се: болна грутка во дојката и локализирана болка.
Што може да се направи?
- масажа,
- често доење,
- менување пози.
Маститис (воспаление на дојка)
Симптоми: болка, црвенило, температура и општа слабост.
Важно е да се знае дека е потребна е медицинска консултација и да не се прекинува доењето без совет.
Тешкотии со фаќање (latch)
Причини за ова се положбата на бебето и краток јазичен френулум.
Решенија:
- помош од консултант за лактација,
- испробување различни позиции.
Замор и емоционален притисок
Причини за ова се недостатокот на сон и новите обврски околу мајчинството.
Побарајте и прифатете ја помошта од партнерот и семејството и одморајте секогаш кога е можно.
Кога да побарате помош?
- Појава на силна болка при доење.
- Појава на температура и црвенило.
- Ако бебето и покрај доењето не напредува.
Доењето е процес на учење и за мајката и за бебето. Првичните тешкотии се нормални, но со трпение, правилна техника и поддршка, најчесто се надминуваат и се претвораат во стабилна и блиска рутина.





