Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од развој на хипертензија подоцна во животот.
Истражувачите тврдат дека нивните студии докажале дека на придобивките од доењето за мајката и бебето може да се додаде и поздрав крвен притисок за мајките.
Во принцип лекарите препорачуваат доење во првите шест месеци, а во следната половина од годината, комбинација на доењето со потврда храна.Тие веруваат дека мајчиното млеко може да ги заштити бебињата од одредени болести.
Всушност мајчиното млеко содржи оптимални хранливи материи потребни во првите месеци кои го намалуваат ризикот од хронични детски болести. Така, мајчиното млеко го зајакнува имунитетот на бебето, ја намалува опасноста од астма, обезбедува правилен развој на вилицата, го намалува ризикот од ненајдна смрт кај доенчињата, го намалува ризикот од срецеви болести итн.
Освен тоа што на мајката и помага да ги намали килограмите, доењето ја заштитува од дијабетис и висок холестерол. Истржувачите од Универзитетот од Северна Каролина испитале повеќе од 56 000 жени и откриле дека жените кои ги дојат своите бебиња најмалку 6 месеци имаат помала веројатност да добијат хипертензија во наредните 14 години отколку оние кои ги хранат своите бебиња со шише.Откако ги зеле во предвид и другите фактори како исхраната, вежбањето, истражувачите откриле дека оние кои не доеле или пак доеле во рок од три месеци имаат поголема шанса од развој на хипертензија, отколку кај оние кои доеле една година.
Но, она што е најважно да се истакне е дека истражувањата покажале како хормонот оскитоцин кој се ослободува за време на доењето е долгорочен ефект за крвниот притисок на жените.
Забелешка:
Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.





