cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки

Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана. Појадокот е особено важен, бидејќи го поставува тонот за целиот ден.

Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки

Комбинацијата од протеини, здрави масти и сложени јаглехидрати може да помогне во одржување на стабилна енергија, подобро расположение и поддршка на производството на млеко.

 

Зошто протеините се важни?

Протеините ја оддржуваат енергија во текот на денот со тоа што спречуваат нагли падови на шеќерот во крвта.

Помагаат и во закрепнување на телото што е особено важно по породувањето.

Протеините го одржуваат квалитет на млекото, па со тоа се важни за раст и развој на бебето.

 

Идеи за појадок

Јогурт со јаткасти плодови и овошје. Од овој оброк добивате: 

-        протеини од јогуртот,

-        здрави масти кои се содржани бадемите или оревите,

-        влакна и витамини од овошјето.

Омлет со зеленчук:

-        Јајцата се одличен извор на протеини

-        Спанаќот, пиперката или тиквичките зависно од тоа што ќе додадете за дополнителни нутриенти.

Овесна каша со семки:

-        Додадете чиа или ленено семе.

-        Ова е одлична комбинација од протеини и сложени јаглехидрати.

Интегрален тост со авокадо и јајце:

-        Овој појадок претставува совршен баланс на протеини, масти и јаглехидрати.

Смути со протеинска основа:

-        Комбинирајте млеко или јогурт со банана и путер од кикирики.

 

Што да избегнувате?

Избегнувајте шеќери од печива и засладени житарки бидејќи тие даваат краткотрајна енергија.

Не го прескокнувајте појадокот. Тоа може да доведе до замор и намалена концентрација.

 

Дополнителни совети

Бидете хидрирани. Пијте вода или билни чаеви веднаш по будењето.

Планирајте ги вашите оброци однапред. Ова ја поедноставува утринската рутина.

Најважно, слушајте го вашето тело. Јадете кога сте гладни, а не по распоред.

 

Добриот појадок не мора да биде комплициран – доволно е да биде хранлив и балансиран. За доилките, тоа значи повеќе стабилна енергија, подобра грижа за себе и повеќе сила за сите предизвици што ги носи денот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет