cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Помогнете му на вашето дете да порасне. Тајната на здраво и храбро дете

Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со правилна исхрана, доволно калциум и витамини.

Помогнете му на вашето дете да порасне

Тие растат со љубов, со збор, со доверба. Растат кога некој ги слуша, кога некој им верува, кога некој им дозволува да паднат и им подава рака да станат.

 

1. Слушајте го детето – и кога зборува глупости

Секое дете понекогаш ќе каже нешто што за возрасните звучи смешно, непрактично или наивно. Но во тие „глупости“ се кријат првите форми на размислење, креативност и она што е најважно доверба дека пред вас може да се изрази како што мисли. Ако го прекинете, ќе почне да молчи. А тивките деца не значи дека немаат што да кажат, туку дека веќе не веруваат дека некој ги слуша.

 

2. Пофалете го, но пофалбата нека биде искрена

Не му кажувајте „браво“ за сè. Кажете му „браво што не се откажа“, „браво што проба сам“, „браво што праша“. Детето не треба да верува дека е совршено, туку дека е способно да учи. Лажните пофалби создаваат несигурност, додека пак искрената поддршка гради самодоверба.

 

3. Научете го дека неуспехот не е крај, туку почеток

Дозволете вашето дете да падне, да се разочара, да не успее. А вие не брзајте да го спасувате. Вистинска помош не е да му ја решите задачата, туку да му покажете дека неуспехот не го дефинитивен и дека е само почеток на нов обид.

 

4. Создадете безбедно место кое не е совршено, туку вистинско

Домот не треба да биде тивок како библиотека или чист како болница. Треба да биде топло гнездо. Место каде што детето може да биде она што е, на моменти гласно, радосно, љуто, збунето, љубопитно. Без осуда. Без маски. Таму се учи љубовта – а тоа не се предава, туку се живее.

 

5. Не го споредувајте – со никого

Не постои дете кое не чувствува кога е споредено. Дури и кога не го покажува. „Гледај го брат ти“, „Кај е петката на другарчето?“ – тие реченици не мотивираат, туку раскинуваат. Секое дете е универзум за себе. Помогнете му да биде најдобрата верзија од себе, не од некој друг.

 

Помогнете му на вашето дете да порасне, не за да биде прво во сè, туку да биде изградено и свое. Да знае да сака. Да знае да се бори. Да знае да простува. И пред сè, да знае дека, што и да му се случи во животот, некаде постои човек кој некогаш му рекол:
„Ти можеш. Јас верувам во тебе.“

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет