Кога смеењето станува страв: Зошто постои страв од кловнови?
Нивната мисија е да нe насмеат. Големи обувки, преголема насмевка, обоени перики и црвен нос.

Но кај многумина, наместо смеа, кловновите предизвикуваат морници и страв. Зошто? Што се крие зад феноменот наречен коулрофобија – ирационален страв од кловнови?
1. Проблемот со „претерано среќното“ лице
Човечкиот мозок е создаден да препознава емоции преку изразите на лицето. Кај кловновите, таа способност се блокира, лицето им е маскирано зад силен, неприроден грим. Таа „нацртана среќа“ делува лажно, и го предизвикува мозокот да се прашува: Што навистина се крие зад таа насмевка?
2. Прекршување на нормите
Кловновите имаат чудно движење, необична облека, и прават нешта што обично се сметаат за „неприфатливи“ во секојдневна практика. Токму тоа отстапување од нормалното предизвикува несигурност дека нешто не е „во ред“ со нив. Несвесно, мозокот го препознава тоа како потенцијална закана.
3. Детска ранливост и медиумите
Многу стравови се всадени во детството, кога сме највпечатливи. Ако првото искуство со кловн бил плачлив роденден или страшна сцена од филм, мозокот создава негативна асоцијација. А медиумите не помогнаа пркаживајќи хорор кловнови во филмови и серии, кловнот стана симбол на нешто злокобно под маска на среќа.
4. Ефектот на „застрашувачката долина“
Кловновите изгледаат речиси како луѓе, но не сосема. И таа блискост до човечкото која не е целосна, кај некои луѓе предизвикува несвесен одбивен ефект. Истиот принцип важи и кај некои роботи, кукли и маски.
5. Несигурност во намерите
Кловновите често прават непредвидливи, „лудачки“ движења и звуци. Во психологијата, нешто што не можеш да го предвидиш е она нешто што те плаши. Таа непредвидливост се доживува како потенцијален напад на безбедноста.
Кловн – комичар или прикриен кошмар?
Не сите се плашат од кловнови, но оние што се секогаш имаат добри причини, барем на несвесно ниво. Она што некому му е симпатично, за друг може да биде извор на вознемиреност. И тоа е во ред, стравовите не секогаш се рационални, но секогаш се реални за оној што ги доживува.
Психолошката поента?
Понекогаш, она што се смее најгласно и најнасмеано е токму она од што најмногу се плашиме.