Почина бебето Најден
После долгомесечната битка за живот почина бебето Најден потврди директорката на Детска клиника Аспазија Софијанова

Најден во саботата во три часот ја изгубил битката со животот, како што објасни Софијанова - „почина поради тоа што му попушти срцето“. Најден беше пронајден во месец јануари годинава фрлен во тешка здравствена состојба во двор од скопското село Арачиново, бебето беше со отсечен јазик. Неговиот здравствен напредок беше будно следен од окото на јавноста и медиумите, а за неговата смрт надлежните молчеа три дена.
ПОЧИВАЈ ВО МИР МИЛО БЕБЕНЦЕ!
Редакција на Рингераја
Извор: ПлусИнфо