cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Уртикарија кај децата: Кога кожата зборува за внатрешна вознемиреност

Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгледа алармантно. Уртикаријата, е честа појава кај децата и најчесто не е опасна.

Уртикарија кај децата

Што е уртикарија?

Уртикарија е кожна реакција која се појавува како:

  • Црвени или розеви дамки,
  • Испакнати црвенила кои чешаат и кои често изгледаат како да се предизвикани од коприва,
  • Понекогаш придружени со оток на усните, очите или лицето.

Овие промени можат да се појават насекаде по телото и обично исчезнуваат во рок од неколку часа или денови. Кај некои деца, пак, се враќаат периодично.

 

Причини за појава

Најчесто, уртикаријата е алергиска реакција, но не секогаш. Еве некои од честите причинители:

  • Храна: јајца, млеко, јаткасти плодови, риба, чоколадо
  • Лекови: антибиотици (особено пеницилин), ибупрофен
  • Инфекции: вирусни инфекции кои се чест предизвикувач
  • Физички фактори: топлина, студ, потење, притисок од облека
  • Убоди од инсекти или контакт со животни

Интересно е што кај некои деца никогаш не се открива точната причина – се работи за т.н. идиопатска уртикарија.

 

Кога да се загрижите?

Во најголем број случаи, уртикаријата кај деца поминува сама по себе. Но, следните симптоми бараат итна лекарска интервенција:

  • Потешкотии при дишење
  • Оток на јазикот, грлото или лицето
  • Малаксаност, вртоглавица
  • Постојани или влошувачки симптоми повеќе од неколку дена

Овие симптоми може да укажуваат на анафилакса, сериозна алергиска реакција која бара итна медицинска грижа.

 

Како се третира уртикаријата?

Антихистаминици – најчесто првиот избор. Ги намалуваат чешањето и го смируваат осипот.

Креми за смирување на кожа – каламин, ментол или ладни облоги.

Избегнување на предизвикувачот на уртикаријата – ако е познат.

Важно е да знаете дека никогаш не треба да давате лекови на своја рака без консултација со педијатар.

 

Што можете да направите дома?

  • Одржувајте ја кожата ладна и сувa
  • Облекувајте го детето во памучна, широка облека
  • Избегнувајте капење во премногу топла вода
  • Ставете ладни облоги на областите кои предизвикуваат чешање
  • Нудете му почесто  вода на детето бидејќи хидратацијата помага при воспалителни процеси

 

Уртикарија и детската психа

Иако кожната реакција изгледа физичка, таа може да има и емоционални ефекти кај детето, особено ако е честа и упорна. Детето може да стане анксиозно, раздразливо или дури да избегнува активности. Разговор, разбирање и поддршка се исто толку важни колку и медицинската нега.

Најчесто, уртикаријата кај децата е минлива и безопасна. Но таа е и сигнал дека понекогаш нешто во телото реагира. Со вистински пристап, соработка со лекар и мирен став, лесно се надминува.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет