cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Зошто децата ги грицкаат ноктите? Што ни кажува оваа навика?

Многу често ќе забележите како вашето дете мирно седи, изгледа како да не мисли на ништо, но неговите прсти се веќе во уста.

Зошто децата ги грицкаат ноктите?

Повторно ги грицак ноктите. Вие како родител ќе се налутите, ќе го прекорите, можеби дури и ќе се засрамите кога ќе видите траги на грицкање на јавни места.

Но, дали некогаш сте се запрашале: зошто вашето дете ги грицка ноктите?

Грицкањето нокти, познато и како онихофагија, е многу почеста појава кај децата. И не е секогаш навика што треба да исчезне со забрана. Понекогаш, грицкањето нокти е знак кој бара внимание, а не казнување.

 

1. Навика која не настанува без причина

Кај многу деца, грицкањето нокти започнува како обична имитација или случаен гест. Но со текот на времето станува начин за справување со чувства кои сè уште не знаат да ги именуваат:

  • Тешкотија или страв
  • Досада или нервоза
  • Недостаток на контрола
  • Промени во секојдневието (разделба, ново училиште, доаѓање на брат/сестра)

 

2. Не е „лоша навика“, туку сигнал

Важно е родителите да престанат да гледаат на грицкањето како на нешто грозно или срамно. Колку повеќе го карате или забранувате, толку повеќе го терате да ги грицка ноктите. Затоа што причината не е во самото грицкање, туку во чувствата кои стојат зад него.

Децата често не знаат да кажат „вознемирен сум“ или „се плашам“. Затоа ова е еден од начините на кои го прават тоа.

 

3. Што можете да направите?

Набљудувајте го вашето дете, а не го осудувајте. Утврдете кога најчесто го прави тоа. Дали пред спиење, пред училиште или кога сте негде на гости?

Ослободете го од притисокот

Наместо да му кажувате: „Остави ги тие прсти!“, пробајте со: „Забележав дека ги грицкаш ноктите. Те вознемирува нешто?“. на овој начин ќе стекнете доверба да се отвори и да ви се довери.

Дајте му алтернатива

Понудете антистрес топче, гумено прстенче, цртање, кинетички песок, нешто што ќе ги заангажира рацете.

Создадете рутина на смирување

Топла бања, бајка, разговор пред спиење. Смиреното дете нема потреба да бара „утеха“ во грицањето на своите нокти.

Работете на искажување на емоциите

Научете го да ги именува чувствата: лут сум, тажен сум, среќен сум, исплашен сум. Детето кое зборува за чувствата, поретко ќе ги изрази преку телото.

 

4. Кога треба да се загрижите?

Во повеќето случаи, оваа навика исчезнува самата по себе. Но, ако:

  • се појавуваат рани, инфекции или крварење
  • детето грицка и кожа, не само нокти
  • го прави толку често што му пречи во секојдневните активности
  • покажува други знаци на анксиозност (несоница, изолација, молчење) тогаш консултирајте се со психолог или педијатар.  

 

Детето што ги грицка ноктите не е лошо или невоспитано. Тоа е дете кое се справува со нешто. И можеби тоа што најмногу му треба не е течност за нокти со горчлив вкус, туку некој што ќе седне до него и ќе го праша:
„Како се чувствуваш?“

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет