cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Оревите се клучни за губење на килограми?

Постои мислење дека оревите содржат многу маснотии, но едно ново истражување би можело да го промени тоа. Имено, храната богата со незаситени масти, какви што се наоѓаат токму во оревите, има исто или слично влијание на губењето на тежината

Оревите се клучни за губење на килограми?


Истражување на докторката Шерил Рок, од Универзитетот во Калифорнија, дошло до заклучок дека храната која содржи ореви позитивно влијае на нивото на холестерол во организмот.

„Едно од изненадувачките откритија во ова истражување, е тоа дека, и покрај тоа што оревите се богати со масти и имаат доста калории, диетите богати со ореви по бројот на изгубени килограми би можеле да се изедначат со диетите со намалено внесување на маснотии“, вели Рос.

„Земајќи ги во предвид резултатите до кои дојдовме, како и претходното проучување на влијанието на оревите на здравјето на срцето и тежината, можеме слободно да констатираме дека рака ореви дневно би била од голема корист“, додаде таа.

Докторката Рок набљудувала група од 245 дебели жени, кои учествувале во програма за губење на килограми. На нив им биле одредени три различни диети.

Едната вклучувала храна која содржи помалку маснотии, но повеќе јаглени хидрати.

Втората била ориентирана на исхрана која е со помалку јаглен хидрати, а повеќе масти, додека третата вклучувала консумација на ореви, и содржела повеќе масти и помалку јаглен хидрати.

По шест месеци, жените од третата група загубиле сличен број на килограми како и оние од останатите групи, но нивото на лош холестерол во крвта им се намалил, додека нивото на добар холестерол им се зголемил.

„Иако оревите се богати со масти и калории, третата диета се покажа како еднакво успешна. Се чини како жените на таа диета да внесувале помалку маснотии. Не само што ослабеле, туку и нивото на холестерол им се намалил“, заклучува авторката на истражувањето.  


Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет