cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Тренинг од дома? Лесно е кога знаеш како!

Во ера кога времето ни е скапоцено, а мотивацијата краткотрајна, идејата за долг тренинг во теретана често звучи нереално. Но телото не бара перфекција, туку секојдневно движење.

Тренинг од дома? Лесно е кога знаеш како!

Затоа, ако си почетник и бараш начин како да започнеш, домашните кратки тренинзи се твојот совршен почеток.

Не ти требаат справи. Не ти треба салон. Ти треба само 10 до 15 минути дневно и цврста одлука да почнеш.

 

Зошто кратките тренинзи функционираат?

  • Психолошки се полесни за прифаќање. „Само 10 минути“ звучи изводливо.
  • Го активираат телото и метаболизмот дури и во мали дози.
  • Помагаат за градење навика, а навиката е поважна од перфектниот план.
  • Се вклопуваат во секој распоред, без потреба од транспорт, туширање надвор или членарина.

 

3 ЕФЕКТИВНИ ДОМАШНИ РУТИНИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ

1. „Разбуди го телото“ – 10 минути утринска рутина

  • 30 сек. марширање на место
  • 30 сек. скокчиња (Jumping jacks)
  • 10 чучнувања
  • 10 потисоци на ѕид (Wall push-ups)
  • 20 секунди истегнување – раце нагоре, па надолу
    Повтори го сето тоа 2 пати

Овој спој на вежби е совршен за циркулацијата и зголемување на фокусот.

 

2. „Антистрес попладне“ – 12 минути за истегнување и сила

  • 20 сек. планк (може и со колена на под)
  • 10 мостови (glute bridges)
  • 15 секунди истегнување на грбот
  • 10 бавни чучнувања со дишење
  • 30 сек. дишење во лежечка положба

Овие вежби повтори ги во 2 круга

Одличи се за луѓе што седат цел ден или чувствуваат напнатост.

 

3. „Добра ноќ“ рутина – 8 минути смирување на телото

  • 3 минути бавно дишење: вдишување 4 сек., задржување 4, издишување 6
  • 2 минути истегнување на нозе и грб
  • 3 минути тивка лежечка положба со затворени очи

Оваа рутина го подготвува телото за спиење и го намалува нивото на кортизол.

 

Совети за почетници:

-        Почни со 1 рутина дневно, не повеќе

-        Секогаш загревај се кратко, макар само со дишење или истегнување

-        Ако прескокнеш ден, продолжи утре, не се казнувај

-        Постави мал предизвик, „10 дена по ред по 10 минути“

-        Направи си еден агол дома за движење бидејќи тоа психолошки мотивира

 

Не чекај совршени услови, нова облека или понеделник. Тренингот не мора да биде час и половина во теретана со опрема. Понекогаш, 10 минути на тепихот во дневната соба можат да направат огромна разлика, не само за телото, туку и за умот.

Почни денес. И утре ќе ти биде полесно.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет