Крварење од нос кај деца. Што треба да знаете и како да реагирате?

Крварењето од нос, познато и како епистаксис е честа состојба кај децата која најчесто не е опасна, но може да предизвика грижа кај родителите.

Крварење од нос кај деца

Информираноста за причините, начинот на прва помош и кога е потребно да се побара лекарска помош е од клучно значење за правилна нега.


Зошто децата крварат од нос?

Најчести причини за крварење од нос кај деца се:

  • Сув воздух, особено во зимскиот период кога се користат греалки, што суши ја слузокожата на носот.
  • Често бришење и допирање на носот кое предизвикува иритација и мали повреди на крвните садови.
  • Повреди од удари или гребнатини кои се чести при игра и активности.
  • Алергии и настинки кои доведуваат до воспаление и оток на носната слузокожа.
  • Анатомски промени или полипи кои се ретки, но може да бидат причина за повторувачко крварење.
  • Користење на капки за нос или други лекови кои ја сушат слузокожата.
  • Ретки, но сериозни нарушувања на крвта или крвотокот.


Како да постапите кога детето има крварење од нос?

  1. Останете смирени и смирете го детето бидејќи стресот може да го влоши крварењето.
  2. Детето нека седне и благо нека ја наведне главата напред. Избегнувајте да ја наведнува главата назад за да не ја проголта крвта.
  3. Притиснете го мекиот дел од носот со палец и показалец, зад горниот дел на носот, нежно но цврсто, околу 10 минути.
  4. Користете ладна облога на носот или вратот. Тоа помага да се стеснат крвните садови и да се запре крварењето.
  5. Избегнувајте дување или чешање на носот од тсрана на детето по престанокот на крварењето барем неколку часа.
  6. Држете го вашето дете хидрирано и во просторијата со овлажнувач на воздух ако е суво.


Кога да побарате лекарска помош?

  • Ако крварењето не престане по 20 минути постојан притисок.
  • Ако крварењето е обилно или детето покажува знаци на слабост, вртоглавица или губење на свест.
  • Ако крварењето се повторува често и без видлива причина.
  • Ако детето користи лекови кои влијаат на згрутчување на крвта или има познати здравствени проблеми.


Совети за превенција на крварење од нос

  • Одржувајте ја влажноста на воздухот во домот, особено во зимските месеци.
  • Навремено лекувајте ги настинките и алергиите.
  • Едуцирајте ги децата да не ставаат прсти во носот и да не го бришат премногу често.
  • Користете солени капки или спреј за нос за влажност на слузокожата по препорака на педијатар.
  • Детето нека игра во обезбедена средина за да се избегнат повреди на носот.


Крварењето од нос кај деца е често, најчесто безопасно, но бара внимателен пристап и правилна прва помош. Родителите треба да бидат информирани за симптомите и мерките кои ги намалуваат ризиците и стресот кај децата. Ако крварењето е постојано или обилно, задолжително консултирајте се со педијатар.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет