Јапонско одење: Древна техника за здраво тело и смирен ум

Во екот на различни трендови за фитнес, аеробик, пилатес и техники за личен развој, едноставната и древна практика на јапонското одење, тивко, но моќно го освојува светот.

Јапонско одење

Не станува збор за обично пешачење, туку за свесно контролирано движење, каде секој чекор е поврзан со дишење, држење на телото и внатрешна стабилност.

Оваа техника, која потекнува од источните традиции на движење, станува сè попопуларна поради бројните физички и ментални бенефити. Но што точно е јапонско одење и зошто треба да му дадеме шанса?


Што претставува јапонското одење?

Јапонското одење (познато и како „Каиходо“) е форма на свесно, технички прецизно одење каде телото е во состојба на контролиран баланс, додека умот е фокусиран и мирен. Оваа метода се базира на:

  • Исправена, стабилна положба на телото
  • Активно вклучување на абдоминалните мускули и карлицата
  • Синхронизација со ритмично, длабоко дишење
  • Меки, но одлучни чекори што се прават со свесност за тежината, рамнотежата и телесната оска

 

Зошто е поразлично од обичното пешачење?

Иако на прв поглед изгледа како обично одење, сепак не е. Суштината на јапонското одење е внатрешниот фокус и прецизноста на секој чекор, а не само одење и остварување на замислените чекори и километри. Наместо автоматско движење, ова е активна форма на умствена вежба, што го ангажира целото тело особено средишниот дел (core), нозете и грбот.


Бенефити од јапонското одење

1. Подобрување на држењето и координацијата на телото

Редовното практикување ја зајакнува свесноста за телото, исправеноста и движењето. Тоа води до намалување на болки во грбот, подобра рамнотежа и полесно движење во секојдневието.

2. Јакнење на мускулите без стрес

Бидејќи чекорите се свесни, контролирени и стабилни, телото се активира рамномерно. Особено се зајакнуваат стомачните, карличните и мускулите на нозете, без агресивни движења или потреба од напорна опрема.

3. Смирување на умот и намалување на стрес

Дишењето кај јапонското движење е клучна компонента. Со секој чекор се дише ритмично, што помага во регулација на нервниот систем и внесува чувство на присутност и мир, слично на медитацијата во движење.

4. Согорување калории и подобрување на циркулацијата

Иако изгледа нежно, ненапорно, оваа практика е физички активна. Со 30-40 минути дневно јапонско одење се активира метаболизмот и се подобрува циркулацијата, без ризик од повреди.


Како да започнете?

  1. Изберете тивко место: парк, шума или дури и мирна улица.
  2. Стојте исправено, со благо свиткани колена и тежината рамномерно распределена.
  3. Почнете полека, дишете длабоко низ носот и издишувајте преку устата.
  4. Фокусирајте се на секој чекор, како стапалото го допира тлото, како се префрлува тежината, како ви се чувствуваат мускулите.
  5. Практикувајте секој ден по 15-30 минути, и постепено зголемувајте ја должината и интензитетот.


Јапонското одење не бара скапа опрема, фитнес сала или дури посебни услови. Бара само внимание, доследност и мотивација. Во време кога светот трча, ова е практика што нè учи да застанеме, да дишеме и да го почувствуваме секој чекор, и со тело и со душа.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет