cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дали гладувањето навистина нe прави послаби? Вистината зад митот за брзо слабеење

Во потрага по брзи резултати и „волшебни решенија“, сe повеќе луѓе се навраќаат на старата идеја: ако не јадам – ќе ослабам. Можеби звучи логично, помалку храна се внесува со тоа помалку калории и помалку килограми.

Дали гладувањето навистина нe прави послаби?

Но човечкото тело не е калкулатор. Тоа е жив организам кој реагира на стрес, недостатоци и навики. И во реалноста, гладувањето многу поретко води до трајно слабеење – а многу почесто до физички и ментален хаос.


Што всушност се случува кога гладуваме?

Во првите 24–48 часа без доволно храна:

  • Телото ја користи резервата на гликоген (шеќер) од црниот дроб и мускулите
  • Се намалува тежината, но првенствено вода, не масти
  • Се зголемува нивото на кортизол (стрес хормонот)
  • Метаболизмот почнува да се забавува и телото влегува во „режим на преживување“

По неколку дена:

  • Почнува разградување на мускулно ткиво за енергија
  • Апетитот станува посилен и неконтролиран
  • По прекинување на гладувањето, телото складира повеќе маснотии, за „да се заштити“ следниот пат


Гладувањето не е трајно слабеење

Можеш да изгубиш неколку килограми за кратко време. Но најчесто:

  • Се враќаат брзо (јо-јо ефект)
  • Се губат мускули, а не масти
  • Телото станува поотпорно на слабеење со тек на време
  • Може да се појават проблеми со: хормони, кожа, коса, менструален циклус, ментално здравје


Што е поефикасно од гладување?

  1. Умерен калориски дефицит – јадтеш малку помалку, но редовно
  2. Консумирање протеини, влакна и вода – ќе бидете сити, но со малку калории
  3. Физичка активност – посебно вежби со отпор (тежини или сопствена тежина)
  4. Редовен сон – лошиот сон ја зголемува гладта
  5. Психолошка рамнотежа – без вина, без забрани, со љубов кон телото


Гладувањето станува опасно ако:

  • Пропуштате цели оброци со денови
  • Се чувствувате вртоглаво, раздразливо, без енергија
  • Имате нарушен менструален циклус (ако си жена)
  • Почнувате да се опседнувате со храна, броење калории или гледање на вагата


Гладувањето не е решение, туку ризик

Секако дека ќе ослабнете ако не јадете. Но:

  • Ќе изгубите и здравје, сила и енергија
  • Телото ќе се одмазди со подоцнежен апетит и складирање
  • Ќе влезете во циклус на вина, прејадување и фрустрација


Слабеењето не треба да биде борба против себе, туку процес на враќање на балансот.
И не се мери само со бројка на вага, туку и со тоа како се чувствувате во своја кожа.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет