Дали треба да се јаде пред вежбање? Еве што вели телото, а не модата

Треба ли да јадам пред вежбање – или не? Одговорот не е едноставен, затоа што телото не е машина со еднакви команди. Но постојат неколку јасни принципи што можат да ви помогнат да го најдете најдоброто решение за себе.

Дали треба да се јаде пред вежбање?

Јадење пред вежбање: Зошто (понекогаш) е потребно?

Храната е гориво. Без доволно енергија во системот, телото се чувствува исцрпено, фокусот паѓа, а резултатите се скоро невидливи.

Оброкот може да помогне:

-        Да имате повеќе енергија за време на тренингот

-        Да го заштитите мускулното ткиво од разградување

-        Да спречите пад на шеќер во крвта

-        Да го подобрите фокусот и издржливоста

Особено ако вежбате наутро и не сте јаделе повеќе од 8 часа, мал оброк може да биде разликата меѓу добар и лош тренинг.

 

Кога е подобро да не се јаде пред вежбање?

  • Ако имате чувствителен желудник
  • Ако правите лесен тренинг (јога, пешачење, истегнување)
  • Ако вежбате многу рано, па немате време за дигестија
  • Ако следите план со интермитентен пост (и добро ви функционира)

Во тие случаи, телото може да влезе во состојба каде ги користи резервите на енергија што не мора да е лошо, сè додека не се чувствувате слаб или да се јавува вртоглавица.

 

Колку време пред вежбање да се јаде?

  • Цел оброк (со јаглехидрати и протеини): 2–3 часа пред тренинг
  • Полесен оброк/ужина: 30–60 минути пред тренинг
  • Во случај на брз тренинг наутро: 1 банана или неколку урми 10–15 минути пред

Клучно е храната да се свари доволно за да не те тегне, но и да не си празен.

 

Што да се јаде пред тренинг? – Идеи за почетници

-        Јогурт со овес и овошје

-        Банана и лажица путер од кикиритки

-        Парче интегрален леб со авокадо

-        Смути со банана, спанаќ, овес и вода

-        Мал омлет со леб (за попладневни тренинзи)

Избегнувајте тешки, мрсни, пржени јадења или премногу влакна бидејќи тие го успоруваат варењето и можат да предизвикаат надуеност.

 

А што ако сакате да слабеете?

Јадењето пред вежбање може да помогне во согорување на масти, бидејќи:

  • Телото има доволно енергија да вежба поефективно
  • Помал е ризикот од катаболизам (разградување на мускулите)
  • Не чувствувате глад веднаш по вежбањето, па не претерувате со оброкот после тоа.

Колку и да звучи парадоксално, умерен оброк пред тренинг може да го намали вкупниот внес на калории во текот на денот.

 

Слушајте го телото, а не трендовите

Некои тела сакаат тренинг на празен стомак. На други им треба мал и лесен оброк. Најдобриот совет не доаѓа од инфлуенсер, туку од внатрешниот глас што ви вели дали е тоа што ви треба или не.

Редовното движење е клучно. Но квалитетниот тренинг не зависи само од тоа што правиш во салата за вежбање, туку и од тоа како му пристапуваш на телото пред да почнеш.

Затоа, следниот пат пред да вежбате, запрашајте се:
Дали јас сум подготвен? Или телото ми бара гориво?

Одговорот како и изборот е ваш.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет