5 замки што ве кочат во слабеењето и како да ги избегнете
Слабеењето често изгледа како едноставна математика, внеси помалку калории отколку што трошиш.

Но, во пракса, многумина прават грешки кои ги успоруваат резултатите или дури можат да предизвикаат спротивен ефект. Еве кои се најчестите:
Преголемо ограничување на храната
Драстичните диети можат да доведат до брз пад на килограмите, но телото реагира со забавување на метаболизмот. Ова значи дека подоцна ќе слабите побавно и ќе се зголеми ризикот од јо-јо ефект.
Прескокнување на оброци
Многумина мислат дека помал број оброци значи помал внес на калории, но тоа често води до прејадување подоцна во текот на денот и пад на енергијата.
Премногу фокус на вежбање, премалку на исхрана
Физичката активност е важна, но слабеењето е 70% исхрана и 30% тренинг.
Игнорирање на скриените калории
Газирани пијалаци, засладени кафиња, сосови и грицки меѓу оброците често носат повеќе калории отколку што мислиме.
Недоволен сон и стрес
Хормоните на стресот го поттикнуваат апетитот и складирањето на масти. Лошиот сон дополнително го нарушува метаболизмот и ја намалува самоконтролата.
За успешно слабеење потребен е: баланс, умерена исхрана, редовна физичка активност, доволно сон и управување со стресот. Наместо краткорочни „шок“ диети, фокусирајте се на одржливи навики што ќе ги задржите на долг рок.