АНТИЦЕЛУЛИТНА ДИЕТА
Најпрво неколку дена, колку повеќе можете да издржите, но не повеќе од 6, се јаде само сирово овошје и зеленчук. Дозволено е најмногу 2-3 банани дневно, а другото- неограничено. Акцентот нека биде на цитрусни и бобичести овошја, и на магдонос, спанаќ, брокула, т.е на темнозелен зеленчук.
За цело време пијте мнооооооооогу вода, со цеден лимон во неа, а кафе- едно до две во текот на денот. Дозволен е и зелен чај. За време на диетата јадете што помалку сол!
Потоа следува следново мени од 6 дена, а треба да се придржувате на истото најдолго 18 дена
1 ден
Појадок: 1,5 дл обезмастено млеко или јогурт, лажица мед, лажица зобени снегулки и 1 круша
1 ужина: 40 гр. суво овошје
ручек: пилешки гради во сос и варен ориз (100 гр. месо, 40 гр. ориз),марулка, лукче, магдонос, супа од зеленчук, маслиново масло, лута пиперка
2 ужина: портокал
вечера: зелена салата, 1 варено јајце, 50 гр.шунка, сенф, лута пиперка, маслиново масло, 1 парче црн леб
2 ден
Појадок: фрапе од 1 банана и 125 мл обезмастено млеко
1 ужина: 40 гр. суво овошје (може и бадем, лешник)
ручек: 40 гр. тестенина со сос од 200 гр. печурки, 20 гр. ореви, лук,2 лажици нискомаслена кисела павлака, магдонос
2 ужина: 1 интегрално пециво и 30 гр. light кравјо сирење
вечера: парче двопек, лажица изварка и лута пиперка
3 ден
појадок: 250 гр. малини, 1,5 дл. обезмастено млеко, лажица зобени снегулки, 2 лажици мед
1 ужина: 40 гр. суво овошје
ручек: супа од зеленчук,1/2 л, и мешавина од 200 гр. тиквици, 1 пиперка, 50 гр. грашок, 50 гр. шунка, маслиново масло, лук
2 ужина: јаболко
вечера: салата од пилешко со тиквици (60 гр. пилешки гради, 1 зелена салата, 200 гр. тиквици, 3 лажици нискомаслена кисела павлака) парче црн леб
4 ден
појадок: фрапе од 1 банана и 125 мл обезмастено млеко
1 ужина: 40 гр. суво овошје (може и бадем, лешник)
ручек: риба на жар, скуша или лист, 200 гр. 40 гр. варен ориз, лажица лимонов сок,сенф, 2 дл. супа од зеленчук, 2 лажици нискомаслена павлака, 1 домат
2 ужина: 1 интегрално пециво со 20 гр. шунка
вечера: салата од шампињони и 1 интегрално пециво
5 ден
појадок: јаболко, 2 дл. јогурт, 1 лажица зобени снегулки, 1 лажица мед
1 ужина: 40 гр. суво овошје (може и бадем, лешник)
ручек: 1 свинска кременадла печена на жар, краставица, пиперка, 1 парче црн леб
2 ужина: ½ ананас
вечера: салата од рендан морков и обарена брокула
6 ден
појадок: 1 киви, јогурт, лажица зобени снегулки
1 ужина: 40 гр. суво овошје (може и бадем, лешник)
ручек: омлет со спанаќ од 2 јајца и 100 гр. барен спанаќ, 1 парче црн леб
2 ужина: 1 парче црн леб и 2 парчиња пилешки гради (30 гр.)
вечера: салата од соја и пиперка