Фала ви женски, ама јас таа гадотија и да е мека, не знам дали ќе можам да ја јадам, ќе пробам да ги замрзнам, па да видам дали ќе омекне авокадово и дали така ќе можам да ги јадам, секако ги платив ѓавол и пол се скапи бре
  . Јас денес бев на ехо, естрадиол ми мереа, не ми дадоа листа, докторот рече задоволен сум ќе има доста фоликули, понеделник па ехо-естрадиол, па да ми кажат што понатаму, веројатно среда или четврток пункција, а до понеделник продолжувам со истата терапија. 
  
 Батерфлај, за имунитет матичен млеч, ГЕ132 црвено пакување го препорачува др. Таше неколку недели пред ИВФ и во текот на ИВФ, исто има таблети цинк,магнезиум,калциум, витамин Д, тоа е една таблета со сите витамини, секако Б-комплекс и фолна, ако имаш слаба крв и додаток за железо, тоа е многу важно за имунитет.  
  
 Скриена, честитки што почна, пиши кога ќр биде трансферот, издржи, мора да се издржи за бебче. 
											
																
											
											 
_____________________________
Обиди: 5,5 години 
 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати 
 Верувај во чуда!