Женсски фала ви, главоболките биле нормални од напливот на хормони и за првото ИВФ имав доста главоболки, а мене ми поминува од аналгин, ми кажаа уште тогаш во Систина дека може аналгин. А парацетамол ако се напијам, ќе се испотам ко прасе и ќе спијам со саати, не е тој за мене
.
Денес бев на мерење естрадиол, 525 ми е после 5 дена стимулација, докторот ме гледаше на ехо рече добро, задоволен сум, не прашав колку што-како, си викам ај поарно да не прашувам, да не мислам....Ми рече да продолжам со супрефакт 0,3 и со по три пурегона до сабота, 10 дена стимулација и пак да мерам естрадиол, па тога ќе знае кога пункција.
Ми рече до тестот за бременост никако јаглехидрати, само протеини, а таман мислев после пункција да си м`снам тестенце, но тоа е, а без кафе не можам барем едно дневно, уште толку ме боли глава ако не се напијам.....
а за движење се движам, пешачам ама брзо, покрај Вардар секој втор ден по 5-6 километри.
_____________________________
Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!