mommy_angels RR -> RE: Проблеми со менструација (6.6.2016 8:21:27)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: marija23 Здраво на сите. Јас имам проблем со менструацијата уште како девојче. Првпат добив на 10,5 години. Веќе од мои 14 години почнав да имам проблем со нередовен мензис. На 16 години почнав да одам на ендокринологија каде ми беа дијагностицирани полистични јајници и недостаток на естроген. Мензис добив претходно секои 2,5-3месеца. Тогаш одев кај др. Бранка Крстевска на Ендокринологија на клиника. Таа ми даде да пијам диане 35. Најпрво ги пиев 3месеци па 3 месеци пауза. Кога ги пиев добивав редовно, но кога беше времето за пауза немав мензис. До мојата 25година кога решив да останам бремена ги пиев редовно без прекин (како последица си ја добив мигрената ). Матичниот гинеколог ми рече дека после година дена откако ќе се породам дека ќе ми се среди мензисот. Мојата ќерка сега во јуни ќе прави 4 години а јас се уште имам проблеми со полистични јајници и нередовна менструација....дури пиев и примолут нор минатиот месец за да испровоцирам да добијам да можам да испитам хормони...сите се во граница на нормала, а мензис нема.....еве овој месец пак немам добиено. Сакаме 2ро детенце, и година дена се обидуваме ама ништо.....дали можете да ми кажете совет што понатаму каде да се обратам, бидејќи многу ми делува психички и физички ова?[sm=smiley19.gif] Ова како јас да го пишував од збор до збор(ендокринологија,па нередовни циклуси,па бременост,ќерка од 4 години и сеуште нередовен циклус).Миличка одговорот си го знаеш и сама,повторно влечкање по Ендокринологија и хормонални терапии,ако имаш сила и волја за тоа тргнувај штом желбата за второ детенце е тука.Јас лично повеќе не можам и сум на цврст став дека второ ќе има само ако бидне случајно,во ниту еден случај нема повторно да поминувам низ терапии и болнички ходници.Ова го знае и мм.Дали сум себична или не,не ми е важно,на детево што го имам му треба психички стабилна мајка. Најди си добар матичен гинеколог што ќе те води низ целата постапка и со лесно.Ти посакувам што побрзо да те читкаме во прво тромесечје[sm=nosecka.gif]
|
|
|
|