Мама во 7. недела

calendar-img

Некои трудници, кога наутро ќе се погледнат во огледало, се чувствуваат како тинејџерки. Подивените хормони предизвикуваат нечиста кожа и појава на акни. Само без грижа, доколку не се изгубат по првото тромесечје, ќе се изгубат после породувањето. Добра утеха, нели?

Утринските мачнини и понатаму траат, а кај некои трудници и по цел ден. За жал, не можеме да ви понудиме ефикасен рецепт, но можете да си помогнете со мали трикови – желудникот никогаш не смее да биде сосема празен, а во близина секогаш имајте бисквити кои можеби ќе ви помогнат да го смирите желудникот. Некои имаат добро искуство со чај од ѓумбир, други со лимон – но како и да е, нема ништо лошо во тоа да пробате и вие. За малку надеж, добро е да знаете дека кај повеќето трудници мачнините се смируваат околу третиот месец од бременоста. А до тогаш, има уште многу малку време!

Добро е да посетувате предавања за идни родители заедно со идниот тато! Таму ќе ви покажат како сами да се грижите, за што поздрава бременост, во секој поглед.

Стомак се уште немате! А така нестрпливо го чекате! И тоа е сосема нормално, доколку здраво и редовно се храните. Сега не е време за диети, бидејќи на плодот му е потребна разновидна исхрана и редовни оброци, за правилен раст и развој! Исто така, кај оние трудници кои постојано повраќаат и притоа губат по неколку килограми, преголемиот страв е непотребен. Ембрионот сеуште зема храна од резервите на мајката, но трудницата мора да внимава да зема барем доволно течности. Гинекологот, преку урината може да ја утврди состојбата на трудницата при претерано повраќање и доколку е потребно трудницата ја праќа неколку дена во болница каде преку инфузија ќе прими хранливи материи и течности. Тогаш состојбата обично се смирува, иако сето тоа е многу непријатно и напорно.

arrow-img

1. НЕДЕЛА

2. НЕДЕЛА

3. НЕДЕЛА

arrow-img

Бремени сте: 1 недели

Денес е првиот ден од вашата последна менструација, барем што се однесува на следните девет месеци!

news-img

Денес е првиот ден од вашата последна менструација, барем што се однесува на следните девет месеци! Иако сеуште не сте бремени, овој датум е важен за да пресметате кога е терминот за породување, затоа запомнете го. Оваа недела веќе се брои како прва недела од бременоста.

arrows-img

Прочитајте повеќе

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img