cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Зошто бројката на вагата не е најважна?

Колку повеќе навлегуваме во светот на фитнесот и здравјето, толку повеќе стануваме фокусирани на бројката што ја покажува вагата.

Зошто бројката на вагата не е најважна?

Но вистината е дека таа бројка не ја кажува целата приказна за нашето здравје и добросостојба. Затоа што телото е многу повеќе од тежината и килограмите, а здравјето не може да се измери само со килограми.

 

Тежината е само бројка, но што се крие зад неа?

Вагата не прави разлика меѓу мускули, масти, вода или коски. Мускулите тежат повеќе од мастите, па ако почнеш да вежбаш и да ја зајакнуваш мускулната маса, можеби ќе тежиш исто или дури повеќе, но телото ќе ти изгледа поздраво, потонирано и пообликувано.

 

Здравје наспроти тежина

Здравјето се мери преку енергијата, квалитетот на сонот, нивото на стрес, крвниот притисок, холестеролот и многу други параметри кои вагата не може да ги прикаже. Можете да имаш идеална тежина, но да се чувствуваш изморено, истоштено и нездраво. А можете да имате повисока тежина и да бидете полни со енергија, среќа и здравје.

 

Психолошки аспект

Опседнувањето со бројката на вагата може да создаде стрес, анксиозност и незадоволство од себе. Незадоволството доведува до напнатост и до создавање нездрави навики како прескокнување оброци или прекумерно вежбање. Наместо тоа, фокусирајте се на здрави навики и слушајте го своето тело.

 

Како да се измери успехот во однос на килограмите ако не со вагата?

  • Како се чувствувате кога се будите?
  • Колку енергија имате за активности?
  • Каков ви е притисокот и крвната слика?
  • Како ви стојат алиштата?
  • Какви ви се резултатите од тренингот и колку ги подобрувате своите перформанси?

Овие прашања ви помагаат да ја следите вистинската слика на вашето здравје.

 

Вагата е само една од алатките да ја следите својата тежина и да процените до каде сте во остварување на целта за помалку килограми. Но не ја земајте како крајна мерка за тоа како се чувствувате или колку сте здрави. Здравјето е комплексно, а вистинската грижа за телото подразбира внимание на повеќе аспекти, а не само на бројките.

Така, следниот пат кога ќе се качите на вагата, сетете се дека бројката не е пресудна. Вие сте многу повеќе од тоа, а тоа е вашата енергија, здравје и љубов кон самите себе.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет