Еднодневно мени под 1500 калории. Здрава насмевка, а не чувство на глад

Кога ќе се спомне нискокалориска исхрана, многумина веднаш помислуваат на глад и ограничувања.

Еднодневно мени под 1500 калории

Важно е да се одржи баланс меѓу протеини, јаглехидрати и здрави масти за организмот да добие енергија, а вие убава насмевка и чувство на леснотија.

 

Појадок (околу 350 калории)

  • 200 г јогурт со мал процент на масленост
  • 3 лажици овесни снегулки
  • 1 лажица семки од лен или чиа
  • Половина банана исечена на кругови

Зошто ова е добар избор? Комбинација од протеини и влакна дава ситост и стабилна енергија наутро.

 

Утринска ужинка (околу 150 калории)

  • 1 јаболко
  • 10 бадеми

Зошто ова е добар избор? Јаболкото е богато со влакна, а бадемите со здрави масти кои ја продолжуваат ситоста.

 

Ручек (околу 450 калории)

  • 120 г печено пилешко филе
  • Голема свежа салата со зелена салата, краставица, домат, морков и 1 лажица маслиново масло
  • 2 парчиња интегрален леб

Зошто ова е добар избор? Балансирана порција протеини, сложени јаглехидрати и здрави масти.

 

Попладневна ужинка (150 калории)

  • 150 г нискомаслено кисело млеко
  • Неколку бобинки (боровинки или малини)

Зошто ова е добар избор? Освежувачко и лесно, а богато со антиоксиданти.

 

Вечера (околу 380 калории)

  • 100 г риба, може дав биде печена пастрмка или скуша
  • Варен зеленчук како брокула, тиквички, карфиол
  • 1 мала печен компир

Зошто ова е добар избор? Лесна протеинска вечера што ја намалува тежината на дигестијата навечер.

 

Вкупно: Околу 1480 калории

Со ова мени не само што останувате под 1500 калории, туку внесувате и разновидни хранливи материи: витамини, минерали, влакна и протеини. Клучот е да се чувствувате сити, а не лишени од храна и пак гладни.

 

Исто така пијте доволно вода во текот на денот и движете се колку што можете. На тој начин ова мени станува дел од здрав животен стил, а не краткорочна диета.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет