cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Недостаток на сон и неговото влијание врз тежината

Сонот е основен дел од здравиот животен стил, но многумина не обрнуваат доволно внимание на неговата улога во контролата на телесната тежина. Недостатокот на сон не е само чувство на замор. Тој директно влијае на хормоните, метаболизмот и апетитот.

Недостаток на сон и неговото влијание врз тежината

1. Како недостатокот на сон ја менува апетитната регулација?

Телото произведува хормони кои го контролираат гладот:

  • Грелин кој го зголемува апетитот
  • Лептин кој сигнализира ситост

Кога спиеме малку:грелинот се зголемува па чувствуваме повеќе глад, а лептинот се намалува па потешко се заситуваме. Резултат на ова е поголема веројатност за прејадување и избор на калорично богата храна.

 

2. Недостаток на сон и метаболизмот

  • Ја намалува чувствителноста на телото на инсулин.
  • Ја зголемува складирањето на масти.
  • Го забавува базалниот метаболизам.

Овие промени ја прават телесната тежина потешко контролирана и го зголемуваат ризикот од дебелина.

 

3. Психолошки ефекти

  • Заморот води кон помалку физичка активност.
  • Зголемен стрес води кон зголемена продукција на кортизол, кој поттикнува складирање масти.
  • Премногу краток сон води кон посилна желба за брза, слатка или масна храна.

 

4. Практични совети за подобар сон и контрола на тежината

- Одржувајте редовен распоред на спиење.
- Ограничете го внесот на кофеин и тешки оброци пред спиење.
- Создадете мирна атмосфера без екрани пред спиење.
- Вежбајте редовно, но не пред самото легнување.
- Обидете се да спиете барем 7до 9 часа ноќе.

 

Недостатокот на сон не е само замор. Тој има директно влијание врз телесната тежина. Кога спиеме доволно, хормоните се балансираат, апетитот е регулиран, а метаболизмот функционира правилно.

Сон комбиниран со здрава исхрана и физичка активност се три чекори кон природна контрола на тежината.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет