cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Жените се најпривлечни кога се плодни!

Едно истражување, чии резултати се објавија минатиот месец, покажува дека мажите сметаат дека жените се најатрактивни кога се во овулација. Истражувањето покажало дека привлечноста на жените се менува во тек на нивниот менструален циклус

Жените се најпривлечни кога се плодни!

 

 

Резултатите се многу логични, истакнуваат научнците, бидејќи степенот на женската привлечност е поврзан со хормоналните промени кои можат да доведат до промена на лицето и бојата на гласот.  Ова истражување на Hormones and Behavior само го потврдило поранешното верување дека циклусот кај жената е поврзан со различни промени во однесувањето и физиологијата. На пример, поранешните студии откриле дека кај жените се зголемува сексуалната желба, како и нивната наклоност кон посилните мажи.

Исто така се потврдило верувањето на мажите кои сметаат дека танцот на плодните жени е попривлечен, како и нивниот глас и мирис, а друга добро позната студија од 2007 година открила дека еротските танчерки предизвикуваат поголемо внимание кога се во плодната фаза од месечниот циклус.

Во најновото истражување на Hormones and Behavior истражувачите ги фотографирале лицата на 202 жени и го снимиле нивниот глас во два наврати, кога биле во различни фази на месечниот циклус. Им зеле и примерок од плунката за да ги измерат нивоата на нивните хормони во тој момент.

Повеќе од 500 мажи ги оценувало нивните лица и гласови. Тие сметале дека жените се најатрактивни кога им е ниско нивото на прогестерон, а високо нивото на естроген (естрадиол)

Единствено време во текот на менструалниот циклус кога истовремено е ниско нивото на прогестерон и високо нивото на естроген е фоликуларната фаза, пред самиот почеток на овулацијата, кога плодноста на жената е најголема, кажува Дејвид Путс, вонреден професор по антропологија на Државниот Универзитет во Пенсилванија.

Хормоните навстина ги менуваат цртите на женското лице и бојата на гласот. Во гркланот се наоѓаат рецептори за естроген и прогестерон, кои во текот на пубертетот, бременоста , менопаузата, хормоналната терапија или примањето на апчиња за контрацепција, ја менуваат бојата на женскиот глас.

Многу истражувачи ја поддржуваат хипотезата дека прикриената овулација им овозможила  на нашите предци да ги изневеруваат своите партнери, бидејќи тие не знаеле кога да се концентрираат на поголемо внимание бидејќи не знаеле кога се случува овулацијата. Мажите кои умееле да ги препознаат овие суптилни показатели  на плодноста на жената, дури и на несвесно ниво, имале поголем успех при репродукција.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет