cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

7 причини зошто се дебелееме нагло – и не се храната и мрзливоста секогаш виновни

Чувствувате дека бројките на вагата одат нагоре иако не сте промениле ништо значајно во исхраната или начинот на живот?

7 причини зошто се дебелееме нагло

Наглото зголемување на телесната тежина може да биде фрустрирачко и збунувачко, но честопати причините се подлабоки од класичната причина, јадете многу, малку се движите. Ви ги откриваме најчестите и многу често занемарени причини поради кои телото одеднаш накачува и задржува килограми.

 

1. Хормонален дисбаланс

Еден од најчестите и најмалку препознаени виновници е хормоналниот дисбаланс. Хормоните како што се: инсулин, кортизол, тироидни и полови хормони имаат клучна улога во регулација на метаболизмот.
- Сигнали за хормонален дисбаланс: умор, нередовна менструација, акни, задржување течности.
- Што да направите: консултација со ендокринолог и проверка на хормонски статус.

 

2. Стрес и зголемен кортизол

Хроничниот стрес предизвикува лачење на хормонот кортизол, кој директно е поврзан со акумулација на маснотии, особено околу стомакот.
-  Сигнали за зголемен кортизол: апетит за слатко, нервоза, нарушен сон.
-  Што да направите: воведете техники за опуштање: медитација, прошетки, или физичка активност што ја сакате.

 

3. Недоволно спиење

Само неколку дена со намален или неквалитетен сон го нарушуваат хормоналниот баланс и балансот на глад и ситост (грелин и лептин), што води до прејадување.
- Сигнали: вечерен апетит, замор, слаба концентрација.
- Што да направите: спијте 7–8 часа сон секоја вечер и поминете време без телефони пред спиење.

 

4. Лекови што поттикнуваат зголемување на тежината

Антидепресиви, антипсихотици, некои антиалергени, па дури и лекови за притисок, можат да предизвикаат нагло зголемување на килограмите како несакан ефект.
- Сигнали: зголемување на тежината и покрај иста исхрана.
- Што да направите: консултирајте се со лекар за евентуални алтернативи или прилагодување на дозата.

 

5. Синдром на полицистични јајници (PCOS)

Жените со PCOS често се борат со инсулинска резистенција, хормонален дисбаланс и проблеми со тежината.
- Симптоми: нередовни менструации, зголемено влакнење, акни.
- Што да направите: посетете гинеколог за рано дијагностицирање и воведете правилна исхрана за да се спречат сериозни последици.

 

6. Задржување течности (едем)

Телото може да задржи течности поради нарушена функција на бубрезите, срцето, хормоните или консумирање храна богата со сол.
- Симптоми: отечени зглобови, чувство на „тежина“.
- Што да направите: внесувајте повеќе вода, помалку сол и извршете лекарски преглед.

 

7. Скриени шеќери и “здрави” калорични намирници

Некои „здрави“ производи, како гранола, протеински барови, овошни сокови или “без шеќер” закуски, всушност се калорични и полни со скриени шеќери.
- Совет: читајте ги убаво декларациите и внимавајте на количината која ја консумирате.

 

Килограмите се последица, не причина

Наглото дебелеење не треба да се гледа како неуспех или мрзливост. Тоа е порака од телото дека нешто не е во рамнотежа. Важно е да се гледа на тежината како симптом, а не само како број. Со соодветна поддршка, внимание и грижа, решението секогаш постои.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет