cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Интимноста без илузии: Каде грешите во кревет?

Сексот не е само физички чин. Тој е комуникација, енергија, присуство и разбирање.

Интимноста без илузии: Каде грешите во кревет?

И додека не постои универзален рецепт за „добар љубовник“, постојат универзални причини зошто некои луѓе повторно и повторно добиваат незадоволни (или мрзоволни) партнери во кревет.

Ако честопати наидувате на ладни реакции, избегнување на повторна средба или искрени, но болни коментари, можеби е време да се погледнете во огледало. Не за да се осудувате, туку за да разберете, научите и пораснете. Еве неколку чести причини поради кои некој може да биде „лош“ во кревет:

1. Претпоставувате наместо да прашувате

Мислите дека знаете што сака партнерот? Можеби сте гледале премногу филмови. Разговорот за желбите, границите и фантазиите е поважен од секоја техника. Не е секси ако не е согласно и споделено.

 

2. Сè се врти околу вас

Сексот не е соло претстава. Ако ви е важен само сопствениот оргазам, а не и искуството на другиот, ќе бидете запаметени, но не по добро. Себичноста е најбрзиот начин да го изгаснете интересот.

 

3. Прескокнувате предигра (или не ја сфаќате сериозно)

За многумина, предиграта е она што ја прави разликата меѓу „технички секс“ и вистинска страст. Ако гледате на неа како на формалност – веќе сте на погрешен пат.

 

4. Лажна самодоверба и глума

Глумите дека знаете сè? Сакате да изгледате „искусно“, но не прифаќате совети или реакции. Партнерот го чувствува тоа. Автентичноста е многу поеротична од театралноста.

 

5. Игнорирате невербалните сигнали

Тивко извртено тело, воздив, затегнатост, телото зборува гласно. Ако не знаете да читате без зборови, ќе промашите многу можности за вистинска поврзаност

 

6. Не го негувате партнерството надвор од спалната

Сексот не започнува во креветот, започнува со почит, слушање, блискост. Ако сте рамнодушни или неемпатични во секојдневниот живот, тоа се пренесува и во интимноста. 

 

7. Страв од ранливост

Добриот секс бара отвореност. Ако се криете зад маска, сакате да се покажете силно или дистанцирано и не дозволувате вистинска поврзаност. А без неа, се губи она што го прави искуството незаборавно.

 

Да се биде добар љубовник не се учи само од совети и статии, туку со внимателност, присуство и желба да се биде подобар партнер. Наместо да се прашувате „дали сум добар/а во кревет?“, прашајте се: „Дали се трудам да бидам тука, вистински, за другиот?“

Тоа е вистинскиот почеток на секси приказната.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет