cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Нега на кожа, најдобри производи според нејзиниот тип

Да се изберат најдобрите производи за нега на кожата според типот на кожа може да звучи комплицирано, но ако ги знаете основните принципи и потреби на твојата кожа, правењето вистински избор станува многу полесно.

Нега на кожа, најдобри производи според нејзиниот тип

1. Прво утврдете кој е вашиот тип на кожа

Познавањето на типот на твојата кожа е основата на целата рутина.

Еве како да го утврдите:

- Нормална кожа. Таа е балансирана, без премногу сјај или сувост, а порите речиси не се видливи.

- Сува кожа. Кај овој тип на кожа чечностите на кожата се ниски, па тоа често води кон чувство на затегнатост и перутење.

- Масна кожа. Таа лесно станува сјајна. Порите се подлабоки и поретко се јавуваат нерамнини.

- Комбинирана кожа. Кај овој тип на кожа има масна во Т-зоната кај челото, носот и брадата, а сува или нормална на образите.

- сетлива кожа. Овој тип на кожа лесно се иритира, пецка или црвенее 

Најдобар начин да го откриете вашиот типот на кожа е да ја измиете со нежно средство за миење лице, да почекате 30 минути и да ја набљудувате дали станува сјајна, дали се чувствува затегнато и слично.

 

2. Основни правила за избор на производи

Обратете внимание на состојките, а не само на рекламата.

Производите честопати велат „за сува кожа“ или „за сите типови“, но важно е да ги прочиташ состојките:

  • Хијалуронска киселина дава хидратација за сите типови.
  • Серамидите ја заштитуваат бариерата на кожата.
  • Ретинол врши регенерација, па најдобар е против стареење и одржување на текстура. Но користете го со внимание.
  • Салицилна киселина (BHA) е одлична за масна кожа и пори.

 

3. Препораки по тип на кожа

- За сува кожа користете: хијалуронска киселина, глицерин, керамиди и кремасти, богати текстури. Избегнувајте Агресивни сапуни со сулфати и силни алкохоли. Целта е да добиете интензивна хидратација и враќање на природната бариера на кожата.

- За масна кожа барајте нежни гелови или пенливи чистачи, салицилна киселина, нежен тоник и производи со „non-comedogenic“ кој не ги затнува порите. Избегнувајте масни креми и тешки масла. Целта е да се исконтролира на сјајот, нормализирање на маснотии и да се добие чиста кожа.

- За комбинирана кожа користете лесни гелови за чистење, хијалуронска киселина, а само локално ха одредено подрачје појаки активни состојки. Целта е да се овозможи баланс односно хидратација каде е сува, контрола на сјај каде е масна.

- За осетлива кожа користете средтва без мирис, нежни, хипоалергени формули, пантенол, алое вера и ниацинамид. Целта е да ја смирите кожата и да ја ослободите оид иритации.

 

4. Како да изградите рутина?

Еве пример на основна рутина што стапува во сила:

- Наутро користете нежено средство за чистење на кожата, по потреба тоник, потоа нанесете серум, па хидратантна крема и на крај

- Навечер исчистете го лицето, користете ексфолијант ако е потребно 2 до 3 пати неделно, ставте серум со активни состојки па нанесете хидратантна крема. 

Нови производи додавајте еден по еден, со пауза од 3 до 5 дена, за да видите како вашата кожа реагира.

 

5. Најчести грешки што треба да ги избегнете

- Купување најскапи производи без да ги читате состојките.
- Прекумерно ексфолирање.
- Користење на „тренд производи“ без проверка дали се соодветни за вашиот тип на кожа.
- Прескокнување на нанесување на SPF фактор кој е најважниот производ во рутината.

 

Најдобрите производи не се оние најскапите туку оние што одговараат токму на вашиот тип кожа и на специфичните потреби на вашата кожа во тоа време. Читајте ги состојките, следете како вашата кожа реагира и дајте си време од 4 до 6 недели да видите видливи резултати од новата рутина.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет