Железото во исхраната
Во која храна го има железото и кои се дневни препорачани дози?

Потребите за железо се различни, во различни периоди од животот. Најмногу железо е потребно во периодот на растењето, т.е. најмногу железо им е потребно на децата и тинејџерите.
Исто така и бремените жени и жените со обилна менструација треба да примаат поголеми количества на железо.
Препорачани дневни потреби на железо:
- Деца (1-10 години) 7 до 10 mg
- Жени (19 години и нагоре) – 18 mg
- Трудници - 27 mg
- Доилки – 9 до 10 mg
- Мажи (19 години и нагоре) – 8 mg
Храна богата со железо:
Најмногу железо содржи: Месото, рибата, јатчестите плодови, гравот и жолчката од јајце, спанаќот, леќата, кивите, јагодите, малините и другото зрнесто овошје, брокулите, карфиолот, компирите, доматите.
Чаша свеж сок од портокал и житарици можат да ја зголемат апсорпцијата на железо во телото. Витаминот Ц му помага на телото да го внесе железото во метаболизмот.
Извор: www.rak.mk