Летна страст без последици

Летото носи топло време, слобода, освежување и желба за авантури. Но кога станува збор за интимноста, многумина прават исти, често непотребни грешки кои ја намалуваат магијата на летните ноќи.

Летна страст без последици

Еве кои се најчестите летни грешки во сексот и како да ги избегнете:

 

1. Игнорирање на хидратацијата

Високите температури и зголеменото потење можат лесно да доведат до дехидрација, што пак влијае на желбата и изведбата на интимните односи. Кожата станува деходрирана, слузниците се исушуваат, па интимниот контакт може да стане непријатен, па  дури болен.

Совет: Пијте многу вода, користете природни лубриканти на база на вода и избегнувајте средства со парабени и силикони кои дополнително доведуваат до сувост.

 

2. Секс на јавни места без соодветна хигиена

Плажите, базените и природата се романтични, но можат да бидат полни со бактерии и нечистотии кои предизвикуваат инфекции.

Совет: Ако не е можна добра хигиена пред и после интимниот контакт, подобро избегнувајте ризични места од овој тип.

 

3. Недоволна заштита од сонце и инсекти

Летото значи и поголема изложеност на сонце и комарци, и други инсекти што може да доведе до изгореници, алергии или непријатни убоди кои ја влијаат воопшто на човечкиот организам, па и на интимноста.

Совет: Користете заштитна крема (освен на интимните делови) и инсект-репеленти со природен состав.

 

4. Игнорирање на безбедноста при секс на плажа или во вода

Сексот во море, базен, езеро или река може да изгледа возбудливо, но водата не е стерилна. Исто така, влажната средина може да ја намали ефективноста на кондомите, што доведува до ризик од инфекции или несакана бременост.

Совет: Користете кондоми дизајнирани за водени услови и по можност одберете интимни моменти надвор од вода.

 

5. Прекумерна доверба во „летната љубов“

Летните романси и кратки љубовни авантури се чести и возбудливи, но понекогаш луѓето забораваат на важноста на здравјето и емоционалната безбедност.

Совет: Не заборавајте на редовни прегледи, отворената комуникација и користењето на заштита без разлика колку кратко трае врската.

 

6. Недоволна комуникација за желби и поставување граници

Под ефектот на топлото време, забавата и освежителните алкохолни пијалоци, често се прескокнува разговорот за тоа што навистина сакате и што прави да се чувствувате удобно.

Совет: И покрај релаксираната атмосфера, одвојте време за отворен разговор. Тоа е најсилниот афродизијак.

 

Летото е време на страсти, но и на внимание. Дозволете си да уживате без грижи, и запомнете: најубавиот секс е оној во кој се чувствувате безбедно и сакано.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет