cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Зголемен холестерол: што треба да знаете?

Холестеролот е важна маст која телото ја користи за изработка на хормони, витамин Д и клеточни мембрани. Меѓутоа, кога неговото ниво станува високо, може да се создадат сериозни здравствени ризици, особено за срцето и крвните садови.

Зголемен холестерол: што треба да знаете?

Видови холестерол

  • ЛДЛ (лош холестерол). Го нарекуваат и „лош“ затоа што се таложи на sидовите на артериите, создавајќи наслаги кои можат да доведат до срцеви болести.
  • ХДЛ (добар холестерол). Го нарекуваат „добар“ затоа што го помага отстранувањето на лошиот холестерол од крвта.
  • Триглицериди. Тие се друг тип масти во крвта. Високите нивоа се поврзуваат со зголемен ризик од кардиоваскуларни проблеми.


Причини за зголемен холестерол

  • Нездрава исхрана, храна богата со заситени масти, транс масти и шеќери.
  • Генетика, фамилијарна хиперхолестеролемија може да го зголеми ризикот уште од млада возраст.
  • Недостаток на физичка активност, седентарниот начин на живот ја намалува способноста на телото да го регулира холестеролот.
  • Прекумерна тежина, особено маснотиите околу стомакот влијаат врз нивото на ЛДЛ и триглицериди.
  • Други здравствени состојби, дијабетес, тироидни нарушувања или хроничен стрес.


Симптоми

Зголемениот холестерол често нема јасни симптоми и затоа се нарекува „тивок убиец“. Понекогаш може да се забележат знаци како: жолтеникави наслаги на кожа или капаци, болка во градите при физичка активност ако веќе има развиена артериска болест.


Како да се намали холестеролот?

  1. Здрава исхрана. Внесувајте повеќе овошје, зеленчук, интегрални житарици, риба и здрави масти (маслиново масло, авокадо, јаткасти плодови).
  2. Физичка активност барем 30 минути умерено движење секој ден (брза прошетка, пливање, велосипед).
  3. Контрола на тежина, намалување на вишокот килограми помага за намалување на ЛДЛ и триглицеридите.
  4. Намалување на стресот. Медитација, јога и релаксација позитивно влијаат на кардиоваскуларното здравје.
  5. Периодични контроли, редовно проверување на липидниот профил, особено ако постои семејна историја на срцеви заболувања.


Зголемениот холестерол е чест, но решлив проблем. Со свесни избори во исхраната, редовна активност и здрав начин на живот, може значително да се намали ризикот од сериозни срцеви и крвни проблеми. Правовременото откривање и акција се клучни за долг и здрав живот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет