cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Здрава храна – паметно дете!

Моќно железо, “Паметни” јаглехидрати, Силата на протеините, Неодминлива Б група!

Здрава храна – паметно дете!

 

Моќно железо

Железото е од витално значење за правилен развој на мозокот. Знаејќи дека резервите од овој минерал во организмот на бебето траат шест месеци, треба да се надомести со соодветна храна. Добри извори на железо се: зелениот листест зеленчук (спанаќ, блитва, коприва) и црвено месо (јунешко и јагнешко).

За да се апсорбира што подобро потребен е витамин Ц (портокал, домат). Многу железо има и во интегралните житарици, сушеното овошје и пилешкиот џигер.

 

“Паметни”  јаглехидрати

Мозокот на бебето не одмора ниту кога бебето спие. Тогаш собраните податоци ги претвора во знаење. За да се развива овој процес без проблеми, на мозокот потребна му е многу енергија. Најдобро гориво за работата на мозокот се јаглехидратите, кои се наоѓаат во житариците, тестенините, овошјето и зеленчукот. Избегнувајте слатки јаглехидрати кои се наоѓаат во слатките и колачите.

 

Силата на протеините

За да се пренесат информациите брзо и ефикасно до мозокот, во исхраната на бебето потребно е да се внесат протеини. Тие се богати со аминокиселини кои содржат неуротрансмитери, без кои размената на информациите меѓу мозочните ќелии е многу намалена. Нашето тело не може да складира протеини, затоа е потребно да се внесуваат преку храна. Затоа во исхраната на детето треба да се воведе боранија, соја, леќа, сите видови месо (освен свинско), бело сирење и јајца и риба.

 

Неодминлива Б група

За бебињата најделотворни се витамините од Б групата. Нив ги има во интегралниот леб, бананите, житариците, гравот, зелениот зеленчук и млекото.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет