Водич низ трудничките тегоби
Бременоста е период на големи промени во телото, а со нив често доаѓаат и различни тегоби.
Иако најчесто се нормален дел од адаптацијата, тие можат да бидат непријатни и збунувачки, особено за идните мајки кои првпат минуваат низ ова искуство.
Гадење и повраќање
Овие тегоби најчесто се јавуваат во првиот триместар.
Што помага?
- имајте помали, но почести оброци,
- консумирајте сува храна наутро како крекери, тост и слично.
- избегнувајте силни мириси.
Замор и поспаност
Причина за овие тегоби се хормоналните промени и зголемениот напор на телото.
Како да се олеснат?
- повеќе одмор,
- кратки дремки,
- лесна физичка активност.
Болки во грбот
Болките во грбот се јавуваат поради промена на тежиштето и олабавување на лигаментите.
Што е решението?
- правилно држење на телото,
- лесни вежби за трудници,
- носење удобни обувки.
Горушица
Причина за ова е тоа што хормоните го опуштаат дигестивниот систем.
Како да си олесните?
- имајте помали оброци,
- избегнувајте зачинета и масна храна,
- не легнувајте веднаш по јадење.
Често мокрење
Ова се јавува во текот на целата бременост, а причина за тоа е притисокот на матката врз мочниот меур.
Оток на нозете
Причината за отоците е задржувањето на течности.
Што помага?
- подигнување на нозете,
- внес на доволно течности,
- избегнување на долго стоење.
Промени во расположението
Причината за овие промени е во хормоналните флуктуации.
Како да се справите?
- со разговор и поддршка од партнерот, околината и стручно лице,
- со одмор и релаксација.
Кога да се јавите на лекар?
- Ако се појави силна или ненадејна болка.
- Ако има крварење.
- При појава на висока температура.
- Ако имате силни и постојани главоболки.
Трудничките тегоби се дел од природниот процес на бременоста и најчесто не се опасни. Сепак, важно е да се слуша сопственото тело и да се побара совет од лекар кога нешто изгледа невообичаено. Со правилна грижа и поддршка, овој период може да биде многу поудобен и посмирен.





