cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Тинејџерски циклус. Што треба да знае секоја девојка?

Периодот на пубертет носи многу промени кај девојките, а една од најзначајните е појавата на менструацијата.

Тинејџерски циклус. Што треба да знае секоја девојка?

Иако таа е природен процес, често е придружена со недоумици, стравови и непријатни прашања. Разбирањето на циклусот е важно за секоја тинејџерка, бидејќи тоа значи грижа за сопственото тело и здравје.

 

Кога започнува првиот циклус?

Првата менструација (менархе) најчесто се јавува помеѓу 10 и 15 години, иако е сосема нормално да започне и порано или подоцна. Тоа зависи од генетиката, исхраната и општото здравје.

 

Како изгледа циклусот во тинејџерски години?

Во првите години циклусот може да биде нередовен и не мора секогаш да трае ист број денови.

Просечната должина е околу 28 дена, но нормално е да варира од 21 до 35 дена.А самото крварење најчесто трае 3 до 7 дена.

 

Што е важно да се знае?

  1. Водење календар или апликација за следење на деновите и запознавање на сопственото тело.
  2. Хигиена преку редовна промена на влошки или тампони (на 3-4 часа) која е клучна за здравјето и удобноста во овие денови.
  3. Исхрана и хидратација. Правилна исхрана богата со железо и внес на доволно вода го намалуваат заморот.
  4. Физичка активност каде лесното вежбање или прошетка може да ги ублажи менструалните болки.
  5. Емоции, хормоналните промени може да влијаат на расположението. Важно е девојките да знаат дека тоа е нормално и минливо.

 

Кога да се побара лекар?

Ако менструациите се екстремно болни, траат подолго од 7 дена, се појавува премногу силно крварење или ако по две години од првата менструација циклусот е сè уште целосно нередовен, добро е да се консултира гинеколог.

 

Поддршка од семејството

Многу девојки чувствуваат срам да зборуваат за менструацијата. Родителите, особено мајките, треба да бидат отворени и поддржувачки, да ги охрабруваат девојките да поставуваат прашања и да зборуваат за своите чувства.


Менструалниот циклус е природен дел од женското здравје. За тинејџерките, тоа е ново искуство кое може да биде предизвикувачко, но со правилни информации и поддршка станува нормален и лесно управлив дел од секојдневието.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет