Среќата живее во малите нешта
Во време кога деновите минуваат брзо, а обврските се редат една по друга, сe повеќе учиме да ги цениме токму малите нешта.Едно едноставно „Како си?“.Едно утринско кафе во тишина.Една прегратка пред спиење.

Она што порано изгледаше обично, денес е вистински луксуз и токму затоа заслужува внимание.
Затоа, паузираме само за миг, да кажеме едно големо благодарам.
На сите вас што читате, се враќате по уште, споделувате и не поддржувате со секој лајк, коментар или порака. Не е мала работа да бидеш дел од нечие секојдневие и тоа никогаш нема да го земеме здраво за готово.
Денес, еве една едноставна афирмација што можеш да ја повториш себеси, дури и во тишина:
„Доволен сум ваков каков што сум. Секој ден правам по еден мал чекор напред.“
А животот... Тој секогаш нè тестира, но истовремено носи убавини таму каде што најмалку очекуваме.
Понекогаш тоа е случаен разговор со стар пријател.
Понекогаш е мирисот на свежо печен леб.
А многу често, тоа е семејството.
Семејството не мора да биде совршено. Не мора сите да се согласуваат, не мора секогаш да е тивко и мирно. Но, кога има почит, љубов и грижа, тоа е доволно.
Интересен факт за почеток на дружбата: истражувањата велат дека децата кои вечераат барем неколку пати неделно со семејството имаат поголема самодоверба и подобри резултати во училиште. Изгледа, сè започнува од заедничката трпеза.
И за крај потсетник за душата:
„Убав живот не значи сè да биде совршено. Тоа значи да умееш да ги препознаеш малите совршенства во секој ден.“
Топли поздрави до сите вас.