Социјалните вештини на вашето дете: основа за среќно и успешно растење

Детето што знае како да се дружи, како да споделува, како да слуша и комуницира, поседува една од највредните животни предности, а тоа е добро развиени социјални вештини.

Социјалните вештини на вашето дете

Овие вештини не се вродени. ттие се учат, моделираат и негуваат од најрана возраст. И родителите играат клучна улога во овој процес.

 

Што се всушност социјални вештини?

Социјалните вештини се сè она што му овозможува на детето да се поврзе со другите:
да соработува, да се снајде во групна средина, да се изрази со зборови, да ги препознае и своите и емоциите на другите, да постави граници.

Тие се градат со секојдневните искуства: на игралиште, во градинка, дома, во контакт со брат или сестра, па дури и со родителите.

 

Кога започнуваат да се развиваат?

Уште во првата година, бебињата учат преку контакт: кога ќе се насмевнат, кога реагираат на емоции, кога добиваат внимание.
На возраст од 2 до 5 години, се случуваат големи скокови, децата почнуваат да играат заедно, да споделуваат, да се договараат, но и да се конфронтираат.

Токму затоа, ова е критичен период за:

  • моделирање на однесувањето,
  • поставување граници,
  • охрабрување на емоционална интелигенција.

 

Како да му помогнете на детето да ги развие своите социјални вештини?

1. Преку играта

Слободната игра, со или без други деца е најдобриот тренинг. Таа учи наизменичност, чекање ред, толеранција и договарање. Наместо да го решите вие секој конфликт, помогнете му на вашето дете да најде решение самото.

2. Разговарајте за емоции

Прашајте го: „Како се чувствуваш?“ или „Како мислиш дека се чувствува другарот?“ Научете го да именува, но и вистински да разбира што се овие емоции: среќа, тага, лутина, разочараност. Едно дете што знае што чувствува многу полесно комуницира и со другите.

3. Бидете му вие модел за однесување

Децата учат преку набљудување. Најпрво ве набљудуваат вас, па околината. Ако вие покажувате почит, емпатија и мирно решавање на недоразбирања, тие ќе го повторуваат тоа. Вашето однесување е нивниот најсилен учебник.

4. Научете го да прифаќа „не“

Поставете граници со љубов. Објаснете дека не секогаш ќе биде прв, не секогаш ќе добие сè што сака и тоа е во ред. Прифаќањето на фрустрација е клуч за здрави односи.

5. Дајте му можности за дружење

Присуството на роденденски забави, групни игри, посети кај роднини  сето тоа е простор за учење. Но не го форсирајте. Ако детето е интровертно, дајте му време и простор. Дури и да е спремно само на мали интеракции и тоа е важно.

 

А што ако моето дете е повлечено или прекумерно срамежливо?

Срамежливоста е дел од темпераментот. Многу деца од рана возраст се срамежливи пред непознати луѓе, во поголема група на луѓе или во нови за нив непознати ситуации. Ова ниту е лошо, ниту е причина за вистинска загриженост. Можеби му треба повеќе време за да се опушти во нова средина и со нови луѓе. Охрабрете го, но не го туркајте. Создајте ситуации во кои се чувствува безбедно и прифатено, и полека ќе се отвори.

 

Социјалните вештини се градат со време, љубов и трпение

Децата не се раѓаат со вештини да бидат емпатични, да решаваат конфликти или да се дружат. Тие набљудуваат и тоа го учат од вас и средината. Не го мерете успехот според тоа колку другарчиња има, во колку активности учествува, дали е популарно, туку според тоа дали знае да почитува, да сподели и да се изрази.

Запомнете: Помагајќи му на вашето дете да ги изгради своите социјални вештини, вие не го подготвувате само за училиште, туку и за живот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет