Децата и стравот од летање: како да го надминете стравот од летање уште од мали нозе?

Летот со авион за некои деца може да биде вистинско возбудливо доживување, но за други вистински кошмар.

Децата и стравот од летање

Стравот од летање кај децата е почест отколку што мислиме, а зад него често стојат непознатото, раздразливи сензорни дразби, или претходни непријатни искуства.

Па, како родителите можат да им помогнат на своите малечки да се чувствуваат безбедно меѓу облаците?

 

Зошто децата се плашат од летање?

Неколку чести причини се:

  • Непозната ситуација со која се соочуваат – гужви, безбедносни проверки, турбуленции
  • Чувство на губење контрола
  • Тесни простори и бучава во кабината
  • Реакција на анксиозни родители и останати патници во авионот

Кај помалите деца, стравот често се појавува околу 3-5 години, кога почнуваат свесно да разбираат ризици, но немаат логичко објаснување за нив.

 

Како да им помогнете на вашите деца пред летот?

  1. Разговарајте однапред
    Објаснете што ги очекува: од чекирање до слетување. Користете позитивен тон: „ќе гледаме облаци“, „ќе слушаме интересни звуци“ како да раскажувате приказна.
  2. Книги и видеа
    Покажете им детски книги за авиони или цртани филмови кои можат да им доловат што значи летање.
  3. Си играме авион
    Играјте сценарија дома како ќе влезете, ќе седнете, ќе слушате „добредојдовте на летот“ итн.
  4. Информирајте ги стјуардите
    Кажете им на членовите на екипажот дека вашето дете има страв, најчесто ќе бидат особено внимателни и поддржувачки настроени.

 

На денот на патувањето

  • Понесете им ја омилената играчка или ќебенце – нешто познато да ги смири.
  • Дозволете им да носат слушалки со тивка музика или приказни.
  • Избегнувајте да им давате шеќер или храна што содржи кофеин пред лет, можат да ја зголемат напнатоста.
  • Објаснете му на детето секој звук и тресење што може да го почувствува: „Ова е нормално“, „Тоа е звук на тркалата“, „Сега се качуваме горе, како во лифт“.


Стравот не се лечи со „нема од што да се плашиш“

Оваа фраза звучи смирувачки за возрасните, но за детето е негирање на неговото чувство. Наместо тоа, пробајте:

  • „Знам дека ти е страв. Ајде заедно да видиме што ќе се случи.“
  • „Јас сум со тебе. Ништо лошо нема да се случи.“
  • „Да го наброиме секој чекор заедно. Чекор 1: влегуваме во авион...“, Чекор 2: кажи им здраво на дадичките, Чекор 3: ајде да го најдеме нашето седиште“ итн


Кога стравот станува проблем?

Ако детето има силна анксиозност што се појавува денови пред летот, ако има телесни реакции (повраќање, главоболки, паника), или ако семејството избегнува патувања поради тоа време е да се консултирате со психолог.

 

Летањето може да биде прекрасна авантура, но и голем предизвик за децата со страв од непознатото. Со малку подготовка, многу трпение и разбирање, родителите можат да го претворат летањето од страшна мисија во фасцинантно искуство.

Запомнете, не се работи само за одредиштето, туку и за патувањето. Нека секој лет биде чекор поблиску до сигурност, доверба и нови хоризонти.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет