Здрави детски фрустрации. Зошто е важно детето понекогаш да биде лутo?

Во светот каде родителите сe почесто сакаат да го заштитат своето дете од секој стрес, конфликт, нервоза, фрустрациите се често доживувани како нешто негативно.

Здрави детски фрустрации

Но, вистината е поинаква. Фрустрацијата е природен, па дури и здрав дел од растењето. Преку неа децата учат трпение, емпатија, справување со неуспех и решавање проблеми.

 

Што всушност значи „здрава фрустрација“?

Фрустрацијата настанува кога детето не може веднаш да го добие она што го сака– играчка, храна и слично или кога не може секогас да биде во центарот на вниманието, секогаш да има успех и победа или да има најдобар резултат. Иако тоа може да изгледа како криза, токму овие моменти му помагаат на детето:

  • Да научи дека светот не се врти само околу него.
  • Да разбере дека понекогаш мора да се почека.
  • Да најде начин самостојно да го реши проблемот.
  • Да изгради отпорност и внатрешна сила.
  • Да научи да биде среќен за другите и да дава предност, како и да дели.

 

Зошто не треба веднаш да го „спасуваме“?

Многу родители, од страв дека детето ќе биде тажно или лутo, веднаш интервенираат во негова полза, му ја даваат играчката, му ја даваат храната која можеби и не смее баш тогаш да ја јаде, му го завршуваат домашното, го вадат од тешка ситуација. Но тоа, на долг рок, ако се повторува може да го направи детето зависно, нетрпеливо и неспремно за реални животни ситуации, како и да коегзистира со други.

 

Како да ја препознаеме здравата фрустрација?

Фрустрацијата станува здрава кога:

  • Детето се соочува со предизвик, но има поддршка да проба само, а не да го решаваат прдизвикот за него.
  • Родителот не го решава проблемот, туку поставува прашања: „Што мислиш, што можеш да направиш?“
  • Детето изразува емоции, а родителот ги признава: „Знам дека си лут, и тоа е во ред. Ајде да видиме што може да се направи.“
  • Се укажува на неуспехот како дел од животот, но и се дава поттик да се обиде повторно.


Што може да направи родителот?

  1. Бидете присутни, но не доминантни
    – Дајте му простор на вашето дете, но бидете покрај него ако му затреба помош.
  2. Немојте веднаш да кажувате „не плачи“
    – Фрустрацијата носи и солзи. Тоа е дел од емоционалниот развој.
  3. Пофалете го и обидот, не само успехот
    „Ми се допаѓа што се потруди, иако не успеа првиот пат.“
  4. Изградувајте навики на трпение
    – Одложено задоволство е клучен вештина: „Ќе го гледаме цртаниот после вечера.“
  5. Бидете модел на смиреност
    – Размислете како реагирате вие кога нешто не ви оди. Детето учи од вашиот пример.


Фрустрацијата е еден од животните учители. Детето кое ќе научи да се носи со непријатни чувства и ситуации и ќе научи да ги контролира и решава, станува возрасен кој знае да се справи со секоја ситуација во животот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет