Што е болка?

clock-img

9.4.2011

Болката се дефинира како непријатно чувство и емоционално искуство предизвикано од повреда (оштетување) на ткивата во телото на човекот или поради присутна болест. Перцепцијата на болката е дел од одбрамбените функции на организмот

Што е болка?

 

Физиологија на болката

Ноциоцепција е неврофизиолошкиот термин за специфичната активност на нервните патишта кои ја спроведуваат болката. Овие патишта главно спроведуваат информација - болка, но која мозокот не мора ја интерпретира како болка.

Рецептори за болка

Сите рецептори за болка се слободни нервни завршетоци кои се широко распространети низ целото тело. Постојат механички, топлотни и хемиски рецептори за болка. Тие се наоѓаат во кожата и на внатрешните површини како периостеум (надворешна обвивка на коските) и зглобните површини. Длабоките внатрешните површини се слабо снабдени со рецептори за болка и тие пропагираат чувство на хронична, силна болка доколку се јави оштетување на ткивото.

Рецепорите за болка, за разлика од сите други рецептори, не се адаптираат на дразбата. Во некои случаи, надразнувањето на нервните влакна се зголемува доколку болната дразба продожува, водејќи до појава означена како хипералгезија (минимална дразба, како на пример допир, предизвикува болка). Постојат два главни типа на нервни влакна кои ги спроведуваат нервните импулси, Aδ кои пренесуваат сигнал со брзина од 6 до 30 метри во секунда и C влакна кои бавно ја спроведуваат болката, 0,5 до 2 метри во секунда.

Пренос на болка во мозокот

Кога рецепторите за болка ќе бидат надразнети од механички, хемиски или топлотни стимулуси тие ја спроведуваат информацијата до рбетниот мозок, до сензорните неврони. Преку рбетниот мозок овие сигнали се праќаат до таламусот, во кој се случува перцепцијата на болка. Преку таламусот болката се праќа до кората на мозокот, со што човекот станува комплетно свесен за болката. Секој човек различно ја доживува болката. Болката е субјективно чувство и искуство и таа е секогаш „она што болниот тврди дека е“.

Затоа, од голема важност за проценување и успешно лекување на болката е нејзиното деталното опишување од страна на пациентот. Само тој може да даде точни податоци за својата болка, која е индивидуално чувство. Пациентот треба точно да објасни каде е локализирана болката (каде боли), каков е квалитетот на болката (како боли) и кој е интензитетот на болката (колку боли). Од важност се исто така и податоците за тоа кога болката започнала, колку време трае, каква е по својот карактер (остра,тапа, во вид на жарење и слично), што ја ублажува, а што ја влошува болката и на крај како таа влијае врз квалитетот на неговиот живот.

Докторот треба да знае дека болката мора безусловно да се ублажи, бидејќи таа го оштетува во прв ред нервниот систем, но исто така ги оштетува и кардиоваскуларниот, респираторниот, гастроинтестиналниот, ендокриниот, имунoлошкиот и другите системи во организмот.

Трпењето на болката не само што е непријатно, туку е и штетно.

 

Извор: www.rak.mk

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет