cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Фотографирање на бебето. Како да создадете магични спомени уште од првиот ден?

Фотографирањето на бебето е многу повеќе од едно преслатко кликање на камерата. Тоа е создавање спомени што остануваат засекогаш, моменти кои никогаш повеќе нема да се повторат, затоа што бебињата растат побрзо отколку што успеваме да забележиме.

Фотографирање на бебето

Од првиот здив, првата насмевка, ситните прстиња и првите гримаси секој момент вреди да се зачува.

Но како да направите убави фотографии дома, без професионална опрема? Еве практични совети што навистина функционираат.

 

1. Природната светлина е најдобриот филтер

Бебињата изгледаат најубаво под нежна, дневна светлина.

Фотографирајте го близу прозорец, но не под директно сонце. Избегнувајте вештачко жолто светло бидејќи тоа ја менува бојата на кожата. Наутро и доцна попладне светлината е најнежна. Ова прави кожата на бебето да изгледа совршено мека, без потреба од филтри.

 

2. Сигурноста пред сè

При селфи, позиционирање или поставување на сцената бебето секогаш мора да биде безбедно. Затоа никогаш не ставајте го бебето на високо место, користете мека подлога и држете рака околу него или повикајте некој да ви помогне и не користете реквизити што можат да паднат.

Фотографијата може да се повтори, но безбедноста е најважна од се.

 

3. Едноставната позадина е најубава

Бел чаршаф, беж ќебенце или еднобојна подлога е сосема доволно. На тој начин, целото внимание оди кон бебето, неговите очиња и слатките детали.

 

4. Фатете ги ситните детали

Не се фокусирајте само на лицето, сите бебешки детали се магични.
Сликајте ги: малите дланки, прстињата, стапалцата, трепките, профилот додека спие.

Овие детали, со текот на времето, стануваат најдрагоцени фотографии.

 

5. Не барајте совршенство, барајте моменти вредни за фотографирање

Најубавите фотографии се оние спонтани: првата насмевка, смешната гримаса, моментот кога се протега, кога зева или се гушка. Бебињата не позираат туку живеат, а ваша задача е доколку сакате фотографии да го фатите моментот.

 

6. Користете неутрална облека

Меки тонови како бело, беж, сиво и пастелни бои изгледаат прекрасно на фотографија.
Премногу шарени дезени го одземаат фокусот од лицето.

 

7. Обработката нека биде минимална

Бебињата се природно совршени. Не претерувајте со филтри, измазнување или промена на боја особено поради тоа што нивната кожа лесно ја губи природната текстура.

 

8. Фотографирајте често

Бебето ќе се промени драстично за само неколку недели.
Во првиот месец доаѓа до најбрзи промени, околу 6тата недела ќе ја фатите првата насмевка, први реакции и погледи ќе ве изненадат кога вашето бебе ќе биде 2 до 3 месеци старо.

Колку повеќе фотографии, толку повеќе спомени.

 

9. Вклучете ја и семејната атмосфера

Фотографирајте ја топлината околу бебето како: татковата рака што го држи, мајката што го гушка, братчето или сестричката што се смее. Овие фотографии раскажуваат приказна.

 

10. Размислете и за професионална сесија

Доколку сакате уметнички фотографии, фотографите за новороденчиња знаат како безбедно да направат пози, осветлување и уредување.
Најчесто идеално време е меѓу 5 и 14 дена по раѓање, кога бебињата најмногу спијат.

 

Фотографирањето на бебето е начин да го „замрзнете“ времето и да создадете албум полн со љубов. Не ви треба скапа опрема, само природна светлина, малку креативност и многу трпение.

Вашето бебе расте побрзо отколку што мислите затоа фатете ги моментите додека се случуваат.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет