cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Најдобри природни масла за мајки и бебиња

Кога станува збор за нега на кожата по породувањето и нега на нежната кожа на бебињата, природните масла долго време важат за најбезбедна и најнежна опција.

Најдобри природни масла за мајки и бебиња

Тие не содржат агресивни хемикалии, мириси или конзерванси, а притоа се богати со витамини, антиоксиданси и омега масни киселини кои ја штитат и обновуваат кожата.

Но не секое масло е подеднакво добро за мајката и за бебето. Еве ги оние што навистина вреди да ги вклучите во секојдневната рутина.

 

1. Маслото од јојоба е идеално за чувствителна кожа

Маслото од јојоба по структура многу наликува на природниот себум на кожата, па затоа е одлично и за мајките и за бебињата.

Зошто е добро за мајките?

Ова масло ја балансира масната кожа и со тоа помага при појава на акни поради хормонални промени. Исто така ја враќа еластичноста на кожата по породувањето по породување.

Зошто е добро за бебињата?

Маслото од јојоба нежно ја омекнува бебешката кожа без да предизвикува иритации. Одлично е за масажа на бебе.

 

2. Бадемовото масло е класика за нега од првиот ден

Едно од најкористените масла за бебешка кожа.

Предности за мајките се тие што ова масло е богато со витамин Е и омега масни киселини и со тоа помага во намалување на сувост и стриите, а кожата е мека и мазна.

Предности за бебињата што ова масло е совршено за масажа и помага кај лупење на кожата кај новороденче. Добро се впива без да остави масен слој.

Доколку постои семејна историја на алергија на јаткасти плодови, секогаш консултирајте педијатар пред употреба.

 

3. Маслото од кокос е природен заштитник

Кокосовото масло има антимикробни својства и е одлично за иритации.

За мајките помага при воспалена кожа и е добро за суви лакти, колена и стомак. Може да се користи и како природен отстранувач на шминка.

За бебињата е корисно за третирање на црвенило од пелена, но не кај секој тип на кожа, ги омекнува тврди делови како оние кои се зад ушите или на скалпот, а природно мириса, без додадени парфеми.

 

4. Маслото од невен има смирувачка магија за иритации

Невенот е познат по своите антиинфламаторни и смирувачки својства.

За мајките помага при испукани брадавици кај доење. Се користи во форма на маст, не чисто масло. Воедно го смирува црвенилото и воспаленијата.

За бебињата е идеално за нивната чувствителна кожа, одлично за третирање на иритации од пелени, а помага кај атопичен дерматит.

 

5. Масло од арган за кожа која сака луксуз

Иако е малку поскапо, аргановото масло е фантастично за регенерација.

Мајките го сакаат бидејќи ја подобрува еластичноста на кожата, ја враќа влажноста на кожата после бременост, а делува како природен серум против стареење.

Бебињата можат да го користат за многу сува кожа, при студено време за заштита, а во минијатурни количини се користи и за хидратација.

 

6. Масло од гроздови семки кое не мрси, а хидрира одлично

Ова масло е лесно, брзо се впива и е нежно.

За мајките совршено е ако не сакате тежок масен слој. Добро за масажи и намалување на отоци, а го затегнува ткивото.

За бебињата идеално за оној тип на кожата која лесно се поти, па затоа е погодено за летни месеци.

 

Совети за правилна употреба на масла кај бебиња

  • Секогаш правете мал тест на кожата пред прва употреба.
  • Не нанесувајте масло под пелена без консултација бидејќи кај некои бебиња може да ја фиксира влагата.
  • Правете масажа по бањање на малку влажна кожа.
  • Избирајте ладно цедени масла без додадени мириси.

 

Природните масла можат да бидат прекрасен дел од секојдневната рутина на мајките и бебињата. Тие се со нежна текстура, безбедни и богати со хранливи состојки кои ја регенерираат кожата. Важно е да се избере соодветно масло според потребите на кожата и секогаш да се следи реакцијата, особено кај новороденчињата.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет