cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Што да правите со старите и расипани електрични уреди?

Што да правите со старите и расипани електрични уреди од домот или компанијата? Јавете се на нашата ЕКО ЛИНИЈА 070 236 000 за електричниот отпад да не заврши во природа или на депонија!

Што да правите со старите и расипани електрични уреди?

Колку стари електрични уреди имате расфрлано низ домот, подрумот, магацинот? Што со расипаните батерии и застарената Нокиа во најдолната фиока, или пак античкиот лаптоп во плакарот? Дали поседувате кутија разновидни кабли и полначи кои веќе не се вклопуваат во ништо?

Ако да, не грижете се, не сте сами, а има и решение.

Третина од граѓаните чуваат стар компјутер, телевизор, печатач и други стари електрични и електронски уреди во своите домови. Старите, нефункционални уреди најчесто се чуваат со помислата дека еден ден ќе се најдат и повторно употребат.

Поверојатно е дека истите никогаш нема да се користат повторно и дека само ќе го зафаќаат и натрупуваат просторот во кој што живееме и работиме, а со текот на времето можат и да наштетат.

 

nulaotpad

 

За таа цел НУЛА ОТПАД како лиценциран колективен постапувач формираше ЕКО ЛИНИЈА која е достапен сервис за граѓаните и компаниите да пријават и на правилен начин да се ослободат од eлектричниот и електронскиот отпад.

 

Со едноставно јавување на ЕКО-ЛИНИЈАТА070 236 000 , лиценцирана транспортна фирма доаѓа и врши БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМАЊЕ од прагот на Вашиот дом или компанија. Уредите треба да се исклучени од вода и струја и да се на достапно место за преземање.


Понатаму Нула Отпад се грижи овој посебен вид на отпад да заврши на вистинско и безбедно  место – во Рециклаторен Центар.

 

ЕЛЕКТРИЧНИОТ И ЕЛЕКТРОНСКИОТ ОТПАД СПАЃА ВО КАТЕГОРИЈАТА НА ОПАСЕН ОТПАД

Вашиот стар фрижидер, компјутер, телевизор или пак мобилен телефон спаѓа во категоријата на опасен отпад и не смее да се меша со комуналниот отпад.

 

nulaotpad1

 

Овој отпад иако делува како нетоксичен, содржи екстремно токсични, често канцерогени супстанции, како жива, олово, кадмиум, бром, кои доколку се фрлат со останатиот отпад  ќе завршат на депонија, ќе го најдат патот до водата, почвата и воздухот, ќе навлезат во синџирот за исхрана и повторно ќе се вратат во нашето тело, но овој пат како предизвикувачи на сериозни болести.

Листата на болести е долга, последиците се фатални.

 

ПРИДОБИВКИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА

ЕКО ЛИНИЈАТА

Да уживаме во придобивките на технолошкиот напредок, без притоа да го загрозуваме сопственото здравје и животната средина.

Помалку неред дома и повеќе време со блиските во чиста и здрава природа се најверојатно највидливите придобивки од користењето на Еко Линијата на Нула Отпад.

Со користење на Еко Линијата Вашите стари електрични уреди нема да завршат неславно во депонија или во природа, нема да и наштетите на животната средина и планетата, нема да го загрозите човековото здравје и нема да кршите закони.

Законот предвидува прекршочна санкција за физички лица, глоба од 60 евра во денарска противредност доколку се затекне да се остава отпадна електрична опрема од домаќинствата како неселектиран комунален отпад.

 

kontejner

 

Следете не на FACEBOOK

Посетете ја нашата ВЕБ СТРАНИЦА

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет