Како да го пронајдете својот животен повик?
Во одреден момент од животот сите нас нe допира пронаоѓањето на сопствениот животен повик.
Тоа е патување исполнето со прашања, сомнежи, но и со прекрасни откритија. Патување кое не секогаш е она вистинското, но секогаш вреди.
Животниот повик не е секогаш гласен или јасен. Понекогаш шепоти тивко низ вашите интереси, страсти и радости. Понекогаш се крие зад нешто што ви изгледа мало и не толку важно, но ви го полни срцето.
Се појавува кога најмалку очекувате, кога ќе се осмелите да пробате нешто ново, да излезете од удобната зона или да го следите она што ви ги отвора очите и ви го осветлува патот.
Бидете благодарни за сè што ве довело до овој момент, за искуствата што ве обликувале, за луѓето што ве поддржале, за предизвиците што ве натерале да пораснете. Бидете благодарни што имате желба да го најдете својот пат, затоа што токму таа желба е првиот чекор кон вистинското исполнување.
Слушајте го своето срце, забележувајте што прави да се чувствувате живи и не плашете се да тргнете по својот пат дури и ако не знаете каде точно ве води.
Афирмација за денес:
„Јас сум отворен/отворена кон мојот вистински пат. Верувам во себе и во процесот што ме води. Со секој ден сум се поблиску до мојот животен повик, следејќи го она што ја буди мојата душа.“
Запомнете, вашиот животен повик не е нешто што мора да го најдете веднаш затоа што тоа е патување, соочување со различни ситуации и вистини. Почнете со слушање, со храброст и со љубов кон себе. Сè што е ваше, ќе ве најде кога сте подготвени да го прифатите.
Ваша Рингераја.





