Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите и големи избори што ги правиме секој ден. Избор да веруваме во себе, избор да продолжиме кога е тешко и избор да не се откажеме од она што го сакаме.
Успехот се гради со дисциплина, со истрајност и со вера. Се постигнува со мали чекори, направени со голема одлучност и со јасна цел. Никој не станал успешен преку ноќ, но секој успешен човек некогаш одлучил да не се откаже.
Бидете благодарни за патот по кој чекорите и за успесите и падовите кои ги доживувате на тој пат. Секое искуство ве научило нешто вредно. Бидете благодарни за можноста да изберете нешто поинаку, подобро, похрабро. Секој нов ден е нова шанса да направите избор што ве води напред.
Афирмација за денес:
„Јас го избирам својот успех. Јас носам одлуки што ме водат кон раст, исполнетост и остварување. Верувам во себе и знам дека сум способен/способна да го создадам животот што го посакувам.“
Денес направете еден свесен избор, избор да верувате во себе и во процесот, да дејствувате и да продолжите. Зашто успехот не е прашање на среќа, туку на одлука што ја носите во срцето.
Ваша Рингераја.





