Секој пад носи нов подем
Денес ќе зборуваме за моментите кога мислиме дека сме “паднале”.Тоа се оние денови кога ни се чини дека сме изгубиле контрола, насока или сила.Кога нешто не успеало, кога сме погрешиле, кога сме се разочарале од себеси или од животот.
Но токму во тие моменти колку и да ни изгледаат тешко, безнадежно и сиво, лежи една тивка, тешко забележлива, но неверојатно моќна вистина, а тоа е дека секој пад е нов почеток.
Падот не значи дека си слаб. Значи дека си се обидел, а да се обидеш е храброст која не секој ја има.
Кога паѓаме, животот не нè казнува туку нè учи. Тоа е неговиот начин да ни покаже како растеме, како созреваме и што уште имаме да откриеме за себе.
Нема брзање. Нема совршенство. Само чекор по чекор со срце што верува и покрај сè.
Денес бидете благодарни што сте тука. Што растете, чувствувате, размислувате и се обидувате секој на свој начин.
Афирмација за денес:
„Јас не се откажувам. Учам, растам и се кревам секојпат кога ќе паднам. Моите падови ме прават посилен/посилна.“
Не е важно колку пати ќе паднете. Важно е секој пат да станете и да продолжите уште посмело и порешително кон она што ви е цел.
Ваша Рингераја.





