Храброста на тивкото срце
Постојат одлуки што не можеме да ги донесеме со логика. Колку и да пресметуваме, анализираме или слушаме туѓи совети, срцето секогаш има свои желби и свој јазик на кој ги изразува. Некогаш тивок, некогаш немирен, но секогаш искрен.
Срцето често нè води кон работи што изгледаат неразумни, кон љубов која не личи на ничија, кон сон кој никој претходно не го остварил, кон живот кој не следи шаблони. Но вистината е една, срцето знае што ќе донесе мир.
Храброста да го следиш срцето не значи да зачекориш без замисла.Храброста е да признаеш дека твоите чувства и желби имаат тежина, дека твоите соништа постојат со причина и дека твојата внатрешна интуиција секогаш кажува кога нешто е токму за тебе.
Денес, одвој момент и заблагодари му се на срцето што секогаш се обидува да те води.
На твојата интуиција која и тогаш кога се двоумиш, не се откажува од тебе.
На секој мал чекор што си успеал/а да го направиш, дури и кога си се плашел/а.
Афирмација:
„Јас го почитувам својот внатрешен глас. Јас сум храбар/а да го следам она што го чувствувам вистински.“
Не мора денес да направиш големи потези. Доволен е само еден мал чекор.
Еден разговор. Една одлука. Еден миг на искреност со себе.
А ти продолжи и покрај стравот. бидејќи веќе носиш храброст во себе.
Ваша Рингераја.





