Промени ја мислата. Промени го денот
Позитивното размислување на прв поглед звучи едноставно, а всушност ја менува целата насока на нашиот живот.
Кај позитивното размислување не се работи за „се е прекрасно“ или „сè ќе биде совршено“. Тоа не значи да ги игнорираме тешките моменти, туку да одлучиме како ќе реагираме на нив.
Животот секогаш ќе носи предизвици. Но изборот како ќе ги гледаме тие предизвици е наш.
Позитивното размислување е како да држиш мал фенер во рака додека одиш низ темнина.
Светлината можеби не го осветлува целиот пат, но доволно е да го видиш следниот чекор.
И понекогаш тоа е сè што ти треба.
Кога ги менуваме мислите, се менуваат и нашите чувства. Кога се менуваат чувствата, се менува и нашата енергија. А кога се менува енергијата животот почнува да ни се отвора на начини што порано ни изгледале невозможни.
Денес бидете благодарни што си дозволувате да растете, да се менувате и да се исполнувате. Тоа е подарок за вас, но и за сите околу вас.
Афирмација за денес:
„Денес го бирам мирот. Го бирам доброто. Го бирам светлото. Јас сум способен/способна да создадам ден исполнет со смисла.“
Нашите мисли се како семе. Затоа внимавај со што си ја полеваш душата.
Ваша Рингераја.





