cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Прв офталмолошки преглед кај дете – кога и зошто?

Видот е еден од најважните сетила преку кои детето го учи светот. Сепак, проблемите со видот не секогаш се очигледни, особено во најраната возраст.

Прв офталмолошки преглед кај дете – кога и зошто?

Затоа, офталмолошките прегледи кај децата не треба да се чекаат само кога „нешто не е во ред“, туку да бидат дел од редовната превентивна грижа за детското здравје.

 

Кога треба да се направи првиот преглед?

Педијатрите и офталмолозите препорачуваат првиот преглед на очите да се направи уште во првата година од животот. Идеално време за проверка е помеѓу 6-12 месеци, особено ако постои семејна историја на проблеми со видот или ако бебето има невообичаено однесување (како постојано кривење на очите, премногу блиско гледање или избегнување светлина).

Доколку не постојат ризици, следните клучни точки за офталмолошка проценка се:

  • на 3 години, кога веќе може да се направи основно тестирање на видната острина
  • при тргнување во училиште (5-6 години) бидејќи видот директно влијае на учењето, концентрацијата и однесувањето

 

Зошто е важен прегледот?

Многу нарушувања на видот кај деца не се манифестираат со болка или очигледни симптоми, но може сериозно да го попречат развојот на мозокот, моториката и учењето. Колку порано се откријат, толку поефикасно може да се коригираат.

Најчесто офталмолозите вршат преглед за:

  • далекувидост или кратковидост
  • астигматизам
  • страбизам (кривење на едното око)
  • амблиопија т.н. „мрзливо око“, која може да се коригира само во рана возраст

 

Што вклучува прегледот?

Прегледот е безболен и прилагоден на возраста на детето. Офталмологот користи светло, леќи и играчки или слики за проценка на:

  • видна острина
  • движење и координација на очите
  • структура на очното јаболко
  • одговор на зеницата
  • и по потреба се капнуваат капки за проширување на зеницата

 

Што ако при прегледот се открие проблем?

Во најголем број случаи, рано откриените проблеми со видот можат да се корегираат со очила, вежби за очи или привремено носење закрпa (како при мрзливо око). Навремената интервенција може целосно да го спречи понатамошниот развој на нарушувањето.

 

Првите години од животот се критични за развојот на видот. Дури и ако детето не покажува симптоми, тоа не значи дека се гледа сè како што треба. Превентивен офталмолошки преглед не е само проверка, туку вложување во способноста на детето да гледа, учи, расте и разбира. Не чекајте да се појави проблем, закажете преглед навреме.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет